KDL-22E5310
55см / 22" HD Ready LCD телевизор со дизајн на рамка за слики, со BRAVIA ENGINE 3
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Мал, но со голем карактер
Со 22", E5300 е мал, но се одликува со совршена форма. Тој е идеален за спални соби, работни соби или кујни; или за поставување на ѕид или маса. Дизајнот на рамка за слики нуди врвен стил - а домашната мрежа за забава ќе ви овозможи да се поврзете на вашите дигитални уреди.

BRAVIA дизајн на рамка за слики
Без разлика дали е поставен на ѕид или на маса, вие нема да можете да му одолеете на шармот на E5300. Достапен во црна боја за издвојување или во бела боја за суптилно вклопување*, овој уред е идеално дополнување за секоја соба. Не е важно дали ги гледате омилените емисии или семејните фотографии - вие со сигурност ќе уживате.

Во центарот на случувањата
Со функција на централен уред во секоја соба, овој телевизор ќе ви послужи и како музички систем, фото албум и филмска библиотека. Поврзувањето во домашна мрежа за забава ќе ви овозможи да ги поврзете сите дигитални уреди и да проследувате филмови, слушате музика или да уживате во слајд шоу од најдобрите фотографии.

Лоцирајте ги вашите спомени
Споделете ги омилените фотографии со вашите пријатели и семејството, и покажете им каде се снимени со помош на мапи. E53 на својот екран може да прикаже мапи со локации на фотографиите преку исчитување на податоците од GPS уред*.
Известувања и оградување од одговорност
*Поврзете го телевизорот на интернет за да вршите зумирање





