KDL-52Z5500
132см / 52" Full HD 1080 BRAVIA LCD телевизор со Motionflow 200Hz
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Наслада за вашите сетила - најдоброто штотуку стана подобро
Елегантен и многу тенок, Z5500 BRAVIA LCD телевизорот навистина изгледа прекрасно. Зад "draw the LINE" дизајнот се крие врвна изработка која ќе ви овозможи неверојатно аудио и видео доживување. Во комбинација со најновите еколошки функции, со Bravia сликата вие истовремено ќе заштедите и енергија.

Почувствувајте ја возбудата на играта
Омилените спортови и динамичните акциони филмови гледајте ги со досега најјасната и најживописна слика. Отсега ќе можете да уживате во најреалистичната и најдетална слика благодарение на револуционерната технологија на Sony - со која се избегнуваат дури и најмалите заматувања.

Погледнете, слушнете, доживејте
Одликувајќи се со технологија за подобрување на HD сликата од наредната генерација, овој телевизор навистина ви нуди сè. Со богатите бои, длабокиот контраст и исклучителната јасност, сликата е толку реалистична што ќе се почувствувате како да сте во центарот на случувањата. Живописните бои и досега најдлабоката црна боја ќе ве остават без здив.

Светла! Камера! Атмосфера!
Ниту една сцена не е комплетна без прикладна атмосфера, а истото важи и за BRAVIA Z5500. Неговиот елегантен изглед идеално се надополнува со опционалниот HT-CT500 систем за домашно кино, при што се добива моќен звук кој е речиси ист со звукот на навивачите за време на натпреварите.




