KDL-40WE5W
102см /40" Full HD 1080 "еколошки" LCD телевизор со мала потрошувачка
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Исклучително еколошко достигнување
Појавувајќи се на пазарот како врвен еколошки телевизор, WE5 кај вас ќе остави голем впечаток - но не и врз животната средина. Одликувајќи се со неверојатниот BRAVIA квалитет на слика и совршен дизајн со бела боја, ова е нашиот "најеколошки" LCD телевизор досега.

Половина* енергија - двоен ефект
Еколошки, тенок и со извонреден квалитет на сликата, овој телевизор навистина е совршен. Ефикасното задно осветлување ќе ви заштеди неверојатни 50%* од потрошувачката, без компромитирање на квалитетот на сликата. Со својот современ стил и сјајна бела завршница, тој ќе се вклопи елегантно во секоја просторија.

Кога нема луѓе - нема ниту слика
WE5 знае дека сте таму. Доколку ја напуштите просторијата, интелигентниот сензор за присуство автоматски ќе ја исклучи сликата заради зачувување на енергијата. Звукот сè уште ќе се емитува, а кога ќе се вратите - повторно ќе се појави и сликата. Освен тоа, копчето за заштеда на енергија ја намалува потрошувачката на речиси 0 кога телевизорот е исклучен*.

Совршена слика
Задлабочете се во динамичните сцени со извонредно остра и рамномерна слика. Доколку тоа не ви е доволно, вградената мрежа за домашна забава ќе ви овозможи да споделувате видео содржини, фотографии и музика од други уреди преку големиот екран.
Известувања и оградување од одговорност
*Во споредба со сличните LCD телевизори како W4500 серијата
*Другите телевизори продолжуваат да трошат енергија дури и кога не се користат





