KDL-40W4500
102см / 40" Full HD 1080 BRAVIA LCD телевизор со Motionflow 100Hz
Елегантен сестран телевизор
Богата црна боја, врвна јасност на сликата, извонредна острина на динамичните сцени без разлика какви содржини гледате. Ова се само некои од одликите кои можете да ги очекувате од сестраниот BRAVIA телевизор. Опуштете се и уживајте во сликата со пријателите и семејството.

Акциони филмови со висок квалитет
Сликата кај динамичните акциони филмови и спортовите е рамномерна и остра, со отсуство на секакво заматување. Во квалитетните разновидни содржини ќе можат да уживаат сите членови на вашето семејство.

Подобрени бои, контраст и јасност
Подобрата high definition резолуција ќе го израдува целото семејство. Ќе можете да уживате во побогати бои, подлабок контраст и уште повеќе детали, со што квалитетот на сликата се подигнува на многу повисоко ниво. Филмовите исполнети со акција, изведувањето на пенали и возбудливите Sony PLAYSTATION®3 битки буквално ќе се претворат во реалност.

Фотографии и музика на големиот екран
Лесно пренесувајте ги фотографиите и музиката од другите уреди кон вашиот BRAVIA телевизор. Вие ќе можете преку далечинскиот управувач од телевизорот да ги изберете фотографиите складирани на PC во друга соба и да ги погледнете во облик на слајд-шоу на големиот екран во дневната соба.





