ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

KDL-40EX40B

Извонредно Full HD доживување во комплетен "сè-во-едно" пакет

40" (102см), Full HD 1080, поддршка за безжичен LAN, LCD телевизор со вграден Blu-ray™ плеер и HDMI® приклучоци

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Комплетен Full HD пакет за домашна забава
  • Репродукција на HD филмови со вградениот Blu-ray™ плеер
  • Поддршка за безжичен LAN за пристап до интернет со помалку неред од жици

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Уживајте во целосен High Definition свет

Full HD обезбедува пет пати повеќе детали отколку слика со стандардна дефиниција – а сега може да го добиете целото доживување со едно практично решение. EX40B е "сè во едно" Full HD телевизор и Blu-ray Disc™ плеер. Тоа се нарекува целосна забава.

 

Преминете на Full HD и доживејте ја вистинската разлика

На одличниот телевизор му се потребни одлични филмови за навистина да прикаже што може да направи. Овој модел има вграден Blu-ray Disc™ плеер кој ви овозможува да репродуцирате Full HD филмови кои ќе изгледаат совршено со извонредно детални, богати, пореалистични слики.

Дознајте ги последните новости за ТВ, видео снимки и филмови

Исто така, овој модел ви го олеснува запознавањето со новиот неверојатен свет на Internet TV. Прикажете ги најновите видео записи од популарните веб-страници како што се YouTube™ и Dailymotion™ или гледајте ги програмите кои сте ги пропуштиле со ТВ по потреба*. Зошто да се туркате околу малиот компјутер кога може да се опуштите со големиот екран?

Создадете нов центар за домашна забава

Со овој модел споделувањето на забавата е едноставно насекаде во домот. Користете го USB, HDMI® или DLNA поврзувањето за да поврзете преносливи компјутери, мобилни телефони, фото апарати или PLAYSTATION®3. Само опуштете се и уживајте во вашите омилени филмови, фотографии, музика или игри од удобноста на вашиот тросед или спална соба.

Добијте ја најдобрата слика во вашата соба

Овој модел има иновативен Ambient Sensor кој автоматски ја прилагодува сликата која ќе одговара на осветленоста и температурата на бојата во собата. Навистина едноставно, не само што ви нуди подобра слика, туку и ви помага да заштедите енергија – а со тоа заштедувате и пари.

Повеќе информации за KDL-40EX40B

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста