Изјава за приватност

Вовед

Заштитата на вашата приватност е важна за Sony. Оваа изјава ги открива информациите за практиката на Sony, вклучувајќи кој тип на податоци смееме да ги собираме и чуваме, како тие се употребуваат и кој има пристап до нив. Изјавата, исто така, објаснува како можете да нè контактирате ако имате какви било прашања или грижи во врска со Вашите лични податоци.

Оваа Изјава за приватност може да се примени за податоците собрани од страна на Sony Europe (Belgium) N.V. и други компании од групацијата Sony во Европа за употреба од страна на овие компании или други Sony компании низ целиот свет (севкупно “Sony”). Со цел да Ви помогнеме да разберете како ќе ги употребуваме податоците кои Вие ќе ни ги дадете, ги составивме следниве упатства.

1. Кои податоци му се потребни на Sony

Генерално, можете да ги посетувате веб-страниците на Sony на интернет без да ни откриете кои сте и без да ни давате какви било лични податоци. Сепак, понекогаш, без да ни дадете минимум потребни податоци како што е назначено во соодветниот дел за внесување на податоци и други страници на соодветната веб-страница, може да се случи Sony да не биде во можност да изврши продажба на производите и/или да Ви обезбеди одредени услуги, вклучувајќи ги и услугите после продажбата.

Најгоре

2. Зошто Sony собира лични податоци

Личен податок претставува кој било податок поврзан со некоја личност кој овозможува таа личност да биде идентификувана - Вашето име, возраст, телефонски број, адреса на е-пошта и обична адреса (“Лични податоци”).

Sony би сакал да ги прибира, задржи и употребува Вашите лични податоци:

- за да ги исполни своите обврски при каков било договор за купопродажба или каков било друг договор помеѓу Вас и Sony

- за да обезбеди грижа за купувачите, вклучувајќи и услуги поврзани со активностите на Sony, како што се гаранција и услуги по продажбата

- за да Ве праша за мислење во врска со производите и услугите на Sony и за спроведување на анкети во врска со производите

- за да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации во врска со Sony и неговите производи и услуги

- за да Ви обезбеди информации за најновите Sony производи и услуги, вклучувајќи ги и специјалните понуди за кои можеби ќе бидете заинтересирани

- за да ги подобри Sony производите и услугите за Вас

- за да реализира наградни игри, натпревари и други промотивни понуди

- за да ја разгледа можноста за Ваше вработување ако овие податоци се побарани на една од веб-страниците на Sony за аплицирање за работа

За овие намени, Sony може да ги разменува, испраќа или стави на располагање личните податоци на други компании од групацијата Sony во Европа или низ целиот свет (подлежи на строга усогласеност со законите за заштита на податоци од страна на Sony). Компаниите од групацијата Sony ќе ги употребуваат Вашите лични податоци само за горенаведените намени, и тие се или ќе бидат предмет на строги закони и услови за употреба и заштита на личните податоци. (“Компании од групацијата Sony” се Sony Corporation и кој било ентитет, фирма или корпорација чие мнозинство акции е поседувано или контролирано директно или индиректно од Sony Corporation).

Најгоре

3. Како Sony ги собира личните податоци

Sony ги собира Вашите податоци на неколку начини. На пример, можеби ќе побараме од Вас да ни дадете информација за контакт кога се допишувате со Sony, се јавувате во Sony за да направите нарачка или да побарате услуга, да го регистрирате Вашиот купен производ за услуги после продажбата, да се пријавите за учество во истражувања преку интернет или во која било промотивна понуда, дискусија или огласи.

Еве неколку најтипични примери за тоа како Sony ги собира Вашите лични податоци.

- Кога регистрирате Sony производ или услуга, ќе го побараме Вашето име, адреса и името на производот или моделот, итн.

- Кога ќе побарате помош од нашата служба за помош на купувачите, ќе отвориме досие со Вашето име, купениот/те производ/ите, за техничките прашања, и нашиот совет до Вас итн.

- Кога ќе купите производ од нас, или ќе направите барање за набавка, ние го регистрираме Вашето име, деталите за контакт, производите кои сакате да ги купите или сте ги купиле и Вашите барања до нас. Ако купувате преку интернет ќе треба да отворите сметка со Вашата уплата и детали за испораката. Можеби ќе треба да се направи проверка на сметката ако решите да набавите производ или услуга.

- Кога сакате да учествувате на интернет собири, треба да ги регистрираме деталите за Вашата сметка. Некои од нашите веб-страници дозволуваат одредена персонализација на содржината во зависност од Вашите интереси, при што ние ги регистрираме Вашите желби.

- Чување на деталите за контакт и каква било финансиска трансакција во контекст на исправка.

Податоците добиени преку интернет, исто така, можат да се комбинираат со податоците кои сте му ги доставиле на Sony во друга прилика. На пример, при регистрација на производ, повик до нашите центри или при јавни настани како што се изложби или саеми. Личните податоци дадени на Sony во тие случаи можат да бидат ставени во огромната база на податоци и да бидат зачувани, така што нашите системи за користење на податоците на потрошувачите се поедноставени.

Најгоре

4. Ваши желби

Личните податоци кои ги собираме можат да бидат складирани во различни бази на податоци. Sony вложува напори да ги земе во предвид различните желби кои сте ги изразиле во текот на времето со цел да ги обработи Вашите податоци на доследен начин. Ако поради која било причина добиете неточни податоци, можете да контактирате со Sony центарот за информации на купувачите за да се исправи грешката.

Најгоре

5. Кога Sony ги открива личните податоци

Sony нема да ги открие личните податоци на трети лица освен на компаниите од групацијата Sony, без Ваша согласност, освен во следниве случаи:

Личните податоци можат да бидат откриени на трети лица кои се кооперанти за да се овозможи реализирање на договори во кои и Вие сте вклучени или од други причини споменати во дел 4 кога Sony користи други компании за извршување на функции во негово име, како што е примање нарачки, испорака на пакети, испраќање на пошта и е-пошта, обезбедување на маркетинг поддршка, обработка на плаќања преку кредитна картичка и обезбедување услуги за купувачите. Ваквите компании ќе имаат пристап до личните податоци кои им се потребни за исполнување на овие функции, но нема да смеат да ги употребуваат за кои било други намени и се обврзани да ги обработуваат податоците во согласност со законот.

Личните податоци можат да бидат откриени на трети лица за да се овозможи прифаќање на законските обврски чијшто предмет е Sony. Ако личните податоци се откриени на трети лица за да им се овозможи да обезбедат услуги за, од името на, или по барање на Sony, тогаш Sony презема мерки за да гарантира дека третите лица ја почитуваат нашата политика за приватност и дека тие:

- нема да ги употребуваат личните податоци за која било друга цел освен онаа која им е дозволена

- ќе добијат и ќе обработуваат лични податоци само под услов да го заштитат тој личен податок од недозволена употреба и да се прилагодат и покоруваат на слични норми и услови за заштита и употреба на личните податоци

- строго ќе се покоруваат на важечките закони

Анонимните или општи податоци (вклучувајќи “општи” статистики) од кои не можете да бидете идентификувани се исклучени од употреба, обработка, откривање, префрлување и други ограничувања на употребата на личните податоци.

Најгоре

6. Огласување на форуми

Огласување на одредени Sony веб-страници (било во т.н. соби за разговор, огласни табли или преку други методи на комуникација во рамките на форумите) генерално ќе бидат достапни на, и слободно достапни од, други корисници на Sony форумите. Затоа, корисниците не треба да очекуваат дека која било информација што ја испратиле ќе остане лична или доверлива и се поттикнуваат да покажат дискреција кога ги користат Sony форумите. Дополнително, Вашето членско име секогаш ќе биде објавено заедно со Вашиот текст на Sony форумите.

Најгоре

7. Безбедност на собраните податоци

Sony има намера да ги заштити Вашите лични податоци и да го задржи нивниот квалитет. Sony ќе ги употреби сите разумни средства за да ги преземе сите соодветни технички и организациски мерки на претпазливост за да ги чува личните податоци безбедни и заштитени од неовластен пристап, употреба или промена и незаконско уништување. Мерките подразбираат употреба на Secure Sockets Layer (SSL) шифрирање при собирање или префрлање на чувствителни податоци, како што се детали за кредитна картичка. SSL шифрирањето е дизајнирано за да го оневозможи читањето на податоците за сите освен за нас.

Како ги заштитуваме Вашите податоци

- Го ограничуваме пристапот до Вашите лични податоци. Само оние вработени кои мораат да дојдат во контакт со податоците, за да Ви обезбедат производи или услуги, ќе можат да го сторат тоа.

- Имаме физичка, електронска и процедурална заштита која ги почитува правилата за заштита на Вашите лични податоци

- Овозможуваме Вашите податоци за сметката да бидат заштитени со лозинка

Како општа најдобра практика на интернет, се препорачува лицата да не користат секојдневни кориснички имиња и лозинки. Лозинките би требало да содржат комбинација од букви и бројки, да се чуваат внимателно и периодично да се менуваат.

Најгоре

8. Cookies и web beacons

Некои Sony веб-страници можат да користат технологија распространета во индустријата, наречена “cookies”. Ова се мали делови од податоци кои се сместени на Вашиот хард диск кога отворате веб-страница или одреден дел од веб-страница. “Cookies” му помагаат на Sony да дознае кои делови од веб-страницата се најпопуларни, каде одат посетителите на Sony и колку време поминуваат таму.

Sony ги користи “cookies” елементите за проучување на посетеноста на своите страници за да ги подобри можностите на веб-страницата и со цел подобро да ги спои интересите и желбите на корисниците. На пример, Sony води грижа за домените од кои луѓето го посетуваат, а исто така ги мери и активностите на посетителите на Sony веб-страниците. Сепак, овие податоци за трагање се извршуваат и задржуваат на начин кој ги прави податоците неидентификувачки.

“Cookies” елементите можат, исто така, да се користат за распознавање на Вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите веб-страницата. Ова може да Ви заштеди време (на пр., со тоа што нема да има потреба повторно да се регистрирате) или да Ви помогне со прилагодување на Вашите интернет параметри.

Ако не сакате да ги прифатите “cookies” елементите, тие можат да бидат деактивирани со помош на упатствата од производителот на Вашиот пребарувач. Ве молиме да ги погледнете инструкциите на Вашиот пребарувач или на помошниот екран за да дознаете повеќе за овие функции. На пример, во Internet Explorer, можете да одите на Tools/Internet options/Security и Privacy картичките за да го прилагодите пребарувачот според Вашите очекувања.

“Web beacons”, исто така, познати како “single pixel” или “clear gif” технологија, или “action tags”, може да се користат на нашата веб-страница. Оваа технологија ни покажува кои посетители притиснале на клучните елементи (како што се линкови или графикони) на Sony веб-страницата или на Sony пораки за е-пошта. Кога ќе ни побарате да Ви испратиме информација за некоја промоција или списание, ние можеме да ги употребиме “web beacons” елементите за да утврдиме кои пораки за е-пошта се всушност отворени. Ги користиме овие информации со цел да ги подобриме нашите содржини и услуги.

Овие “Web beacons” елементи обично работат заедно со “cookies” елементите. Ако не сакате Вашата “cookie” информација да биде поврзана со Вашите посети на овие страници, можете да го поставите Вашиот пребарувач да ги деактивира “cookies” елементите. Во Microsoft® Outlook 2003 или слично, преземањето на слики може да биде исклучено по желба, од страница до страница.

Најгоре

9. Пристап до Вашите лични податоци

Имате право на пристап до Вашите лични податоци, и да ги исправате или избришете Вашите застарени лични податоци, како и да вложите приговор за користењето на Вашите лични податоци.

Ако сакате да ги видите, исправите, дополните или обновите Вашите лични податоци складирани во базата на податоци на Sony, контактирајте го Sony на дадената адреса во дел 14, подолу, преку е-пошта, факс, телефон или писмо. Поради заштита на приватноста, ќе Ви биде побарано да обезбедите некаков доказ за идентификација.

На барање, можете да добиете објаснување во врска со обработката на Вашите лични податоци и, исто така, да добиете потврда дека сите релевантни страни се информирани за Вашите барања за информации, преправки или бришење, соодветно. Sony ќе стори сè да ги исполни ваквите барања.

Ако сакате да не добивате пораки испратени до Вас преку е-пошта, следете го линкот за дерегистрација и/или инструкциите дадени (вообичаено) на крајот од пораката. Ако користите повеќе од една адреса за е-пошта за да купувате или контактирате со Sony, откажете ја секоја адреса за е-пошта која ја користите.

Најгоре

10. Линкови до другите страници

Некои Sony веб-страници можат да содржат линкови до други веб-страници кои не се управувани од Sony. Sony не ги споделува Вашите лични податоци со овие веб-страници. Sony се обидува да се поврзе само со оние страници кои ги имаат истите високи стандарди за почитување на приватноста како и Sony и не е одговорен за содржината, безбедноста или нормите за приватност што ги применуваат другите страници и недвосмислено ги отфрла сите одговорности поврзани со Вашата употреба на вакви и други страници и содржината што се наоѓа во нив.

Најгоре

11. Детска приватност (за деца на возраст од 14 години и помалку)

Sony свесно не бара или собира лични податоци од или за деца (14 години и помалку) без согласност на родител или старател, и Sony не ги продава своите производи и услуги на деца. Ако Sony дознае дека лицето кое ги дало личните податоци, преку кој било дел од веб-страницата на Sony, е дете, Sony ќе употреби разумни напори да ги избрише тие лични податоци од својата документација колку што е можно побрзо. Sony, исто така, ќе употреби разумни напори за да гарантира дека тие лични податоци не се употребени за никакви цели ниту пак откриени на трети лица. Бидејќи Sony не бара да се собираат никакви лични податоци за деца, и Sony ги брише сите ненамерно добиени информации веднаш штом ќе бидат откриени, Sony не задржува никакви податоци за деца кои би можеле да бидат прегледувани или избришани. Ако родителот бара преглед или бришење на податоците за неговото дете пред Sony да ги открил и избришал податоците, тогаш Sony секако ќе го задоволи тоа барање.

Најгоре

12. Стандарди на индустријата

Sony Изјавата за приватност беше воведена во соработка со Federation of European Direct Marketing (FEDMA). FEDMA е прва трговска асоцијација чија практика за заштита на податоците, која беше развиена преку преговори со европските надлежни служби за заштита на податоците (European Data Protection Authorities) (Член 29 Работна група) е признаена од страна на Европската комисија.

Најгоре

13. За да нè контактирате

Ако Ви е потребна дополнителна помош или сакате да дадете коментар, Ве молиме испратете порака на privacy@eu.sony.com или контактирајте нè на следнава адреса:

Sony Europe (Belgium) N.V.
настапувајќи преку својата белгиска филијала при Customer Privacy
Da Vincilaan 7-D1
B-1935 Zaventem
Белгија

Или можете да контактирате еден од нашите национални Центри за информации за купувачите:

Sony Претставништво - Скопје, Македонија
Соравија центар
Ул. Војвода Васил Аџиларски бб
1000 Скопје, Македонија
Телефон: (02) 55 11 555
Последна верзија: 2010

Најгоре
Овие одредби и содржината подлежат на авторските права.
© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft. Сите права се задржани.
Последна верзија: 2010