-
На почеток
-
>
Сите Sony производи
- > WALKMAN®, MP3 плеери
- > Користењето е едноставно
- > WALKMAN®, MP3 плеери
Користењето е едноставно
|
1. Префрлете ги фајловите од вашиот PC вклучувајќи и iTunesСо користење на Content Transfer софтверот кој се испорачува со вашиот WALKMAN® плеер, вие ќе можете да префрлувате музика, слики и видео фајлови директно од вашиот компјутер или iTunes збирка - па дури и листи за репродукција и podcast содржини. Content Transfer дури и ги конвертира видео фајловите за да бидат подготвени за репродукција на вашиот Walkman®. Едноставно кликнете на еден фајл и повлечете го во Content Transfer софтверот
|
2. Синхронизирајте и сортирајте ги вашите фајловиContent Transfer е вистинското место за синхронизирање и сортирање на вашите фајлови. Организирајте ја вашата музика, видео снимките, фотографиите и podcast содржините во рамките на една софтверска апликација, без оглед каде се складирани тие содржини. Препуштете му на софтверот автоматски да ја означи вашата музичка збирка и да ги сортира фајловите по фолдери на вашиот WALKMAN® плеер
|
3. Поврзете го вашиот уред и префрлете ги фајловитеПренесувањето на содржината од Content Transfer софтверот на вашиот WALKMAN® плеер е подеднакво лесно. Едноставно поврзете го вашиот WALKMAN® преку USB кабел и префрлете ги фајловите директно од вашиот плееер, означени и уредно подредени во фолдери и листи за репродукција заради полесна и моментална репродукција.
|
|
|
Изберете од вашата збиркаМожете да земете музика, слики и видео фајлови директно од вашата Windows Media Player 11 збирка. Само притиснете на вашиот избор со глувчето, притиснете синхронизација и се ќе биде префрлено на вашиот Walkman®.
|
Чувајте ги средени вашите содржиниСè уште можете да управувате со вашата музика, слики и видео снимки од Windows Media Player 11 збирката. Сите ознаки и структури на фајлови кои сте ги создале ќе бидат исти и на вашиот Walkman® плеер: Само синхронизирајте го вашиот плеер со компјутерот и сè ќе биде пренесено.
|
Поврзете го вашиот уред и префрлете ги фајловитеПренесувањето на вашите фајлови од Windows Media Player 11 на вашиот Walkman® е подеднакво лесно како и поврзувањето и синхронизирањето. Само поврзете го вашиот Walkman® на вашиот компјутер преку USB, и тоа е сè!
|
|
|
Организирајте ги вашите содржиниМожете да го користите Windows Explorer за да создавате и именувате ваши сопствени фолдери и да ги средувате вашите MP3 песни, слики и видео фајлови. Потоа изберете ги саканите песни и филмови на вашиот Walkman® - и носете ги насекаде.
|
Управувајте лесно со вашите содржиниМожете да бидете во тек со сите ваши нови MP3 фајлови и фолдери - музички албуми, фото албуми и видео снимки - со помош на Windows Explorer. Кога ќе бидете подготвени да ги пренесете на вашиот Walkman®, ќе се пренесат и сите ваши фолдери и ознаки.
|
Поврзете го вашиот уред и префрлете ги фајловитеПренесувањето на вашите фајлови од Windows Explorer на вашиот Walkman® е подеднакво лесно како пренесувањето на фајлови на вашиот компјутер. Само поврзете ги преку USB и префрлете ја вашата содржина во соодветниот фолдер кој ќе се појави: MUSIC за музика, VIDEO за видео, јасно ви е, нели?
|
® "WALKMAN" и логото на "WALKMAN" се регистрирани трговски марки на Sony Corporation
