Зошто да изберете WALKMAN®?

 

Извонреден звук и видео снимки

WALKMAN® MP3 и MP4 плеерите од Sony се испорачуваат со напредни технологии за добивање на највисок аудио и видео квалитет.

  • Приближете се до оригиналната музика со технологиите Clear Audio Technologies и дигиталниот засилувач S-Master MX
  • Прилагодете го звукот кој го слушате со еквалајзерот со 5 вредности и технологијата Clear Bass
  • Репродуцирајте ги сите омилени аудио и видео фајлови со поддршката за повеќе кодеци
  • Погледнете повеќе детали во вашите видео снимки и фотографии благодарение на богатите бои и високиот контраст

Забавувајте се со интелигентните и практични функции

WALKMAN® ви нуди поголема забава, без разлика каде сте и што правите.

  • Пејте заедно со режимот караоке и синхронизираниот приказ на текст
  • Прилагодете ја музиката со расположението или моментот со помош на музичките канали SensMe™
  • Слушајте и разберете со режимот за изучување на јазици
  • Снимете ги вашите мисли, забелешки и потсетници со функцијата за снимање на глас
  • Слушајте ги омилените преноси со FM радиото

Безжично слушање и споделување со Bluetooth®

WALKMAN® MP3 плеерите со Bluetooth® ви нудат слобода да уживате во омилените звуци на начин кој вам ви одговара.

  • Дозволете си малку слобода и слушајте со безжични слушалки
  • Споделувајте музика во домот со безжичното споделување до вашиот Hi-Fi систем
  • Слушајте додека возите со безжично проследување до вашиот аудио систем во автомобилот
  • Безжично споделување на фотографии помеѓу WALKMAN® плеерот и други уреди со вклучен Bluetooth®

Навистина едноставно користење

WALKMAN® плеерите ви нудат поедноставно доживување на забавата кое предизвикува поголемо задоволство.

  • Пребарувајте ја без напор вашата музика, видео снимки и фотографии со помош на големиот и осветлен LCD екран на допир и новиот интуитивен интерфејс (WALKMAN® серија A860)
  • Подолго слушање музика и репродуцирање видео снимки благодарение на исклучително долгото траење на батеријата, како и брзо полнење
  • Наполнете го вашиот WALKMAN® со фајлови и листи за репродукција од Windows® Explorer или iTunes® со едноставно префрлување со повлекување

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста