Што има ново во светот на WALKMAN®

Дознајте ги сите новости за WALKMAN® MP3 и MP4 плеерите од Sony. Дознајте повеќе за најновите соопштенија за производите WALKMAN®. Прочитајте повеќе за функциите и технологиите во секој WALKMAN® MP3 плеер.

20 јануари 2012 година

Почувствувајте го басот со новата серија B на WALKMAN®

Подгответе се да ја почувствувате музиката со новата серија B на WALKMAN® MP3 плеери од Sony. Допрете го копчето за засилување на басот и уживајте во моќен бас надополнет со LED диоди кои трепкаат истовремено со музиката во разни бои. Прикачете ги лесните и разнобојни модели од серијата B на WALKMAN® на ременот или облеката и покажете го вашиот стил. Доколку се брзате, ќе ви бидат потребни само неколку минути за полнење, а во слушањето ќе уживате со часови while you’re out and about.

Лесно ќе можете да го наполните вашиот WALKMAN®, со едноставно префрлување со повлекување на MP3 музички фајлови од кој било компјутер. Тие се одликуваат и со вграден USB приклучок за лесно префрлување на музика или директна репродукција преку вашиот компатибилен Hi-Fi систем или стерео уред за автомобил.

27 јуни 2011 година

Запознајте се со новата палета* на WALKMAN® од Sony

Пристигна новата палета на WALKMAN® MP3 и MP4 плеери од Sony за ова лето.

Откријте го врвниот квалитет на звукот со тенката WALKMAN® A серија која се одликува со широк LCD екран на допир од 7,1см (2,8”) за интуитивно ракување со прстите.

Технологиите Clear Audio и дигиталниот засилувач S-Master MX обезбедуваат богат и задоволувачки звук. А благодарение на проследувањето на звук и споделувањето на фотографии преку Bluetooth®, новата WALKMAN® A серија го олеснува споделувањето и уживањето во вашите содржини.

Откријте ја слободата на безжичното проследување и споделување со тенката WALKMAN® S серија која е исполнета со технологија. Со врвниот квалитет на звукот и јасниот и осветлен екран, таа претставува одличен начин за уживање во вашата колекција од музика, видео снимки и фотографии додека патувате.

Разнобојната WALKMAN® E серија се испорачува со забавни функции како режимот караоке за оние спонтани моменти за пеење.

За спорт, за во салата или, пак, за релаксација покрај базенот. WALKMAN® W серијата, која е практична за носење и може да се пере, нуди совршен звук за вашиот активен животен стил. Тие се лесни и удобни за носење поради тоа што не користат кабли кои ќе ви пречат.

Без разлика каде сте и што правите: ова лето ви го нудиме вистинскиот WALKMAN® плеер за вас. *Сите модели не се достапни на сите пазари

27 јуни 2011 година

Music Unlimited: сета музика која ви е потребна

Проследување и споделување на омилените песни

WALKMAN® MP3 плеерите од серија A и серија S од Sony нудат поврзување преку Bluetooth® за едноставно безжично проследување
и споделување.

Додадете изборни Bluetooth® слушалки за да уживате во безжичен звук додека вежбате или само се релаксирате. Проследувајте песни од WALKMAN® плеерот на вашиот Hi-Fi систем или држач со звучници за да добиете совршена музика за вечерните забави. Поврзете го безжично со вашиот аудио систем во автомобилот и безбедно уживајте во звукот од WALKMAN® плеерот додека возите.

WALKMAN® плеерите овозможуваат дури и безжично префрлување на фотографии од камерата на вашиот мобилен телефон. Чувајте ги драгоцените слики покрај вас и уживајте во нив со остри детали и јасни бои на екранот од вашиот MP3 плеер.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста