Извлечете многу повеќе од вашите спомени

Преубавите долготрајни слики претставуваат само почеток. Нашата нова палета на компактни фото печатари се одликува со извонреден стил за одлично вклопување во вашиот дом или канцеларија.

Креирањето и печатењето на неверојатни слики со врвни детали е брзо и едноставно.

Вметнете ја мемориската картичка од вашиот фото апарат и прегледајте ги снимките на големиот LCD екран. Со само едно притиснување на копче вие ќе можете да ги исправите најчестите проблеми како на пр. црвените очи – без потреба од PC.

Исто така на располагање ви стои широк избор на креативни опции за печатење. Забавувајте се креирајќи календари, фото албуми и други идеи за подароци кои ќе ги израдуваат вашите пријатели и членови на семејството.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Фото албуми (само DPP-FP97)

Вашите спомени прикажувајте ги со повеќе стил. Омилените слики претворете ги во атрактивни живописни фото албуми.

На располагање ви стои широк избор на практични шаблони и уметнички стилови за комбинирање со секакви расположенија и објекти. Ова претставува идеален начин за зачувување на специјалните спомени и нивно споделување.

Рамки (само DPP-FP97)

Ова е одличен начин за разубавување на омилените фотографии. Ќе можете да изберете некој од бројните инспиративни, декоративни и забавни стилови на рамки.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Печати (само DPP-FP97)

Додадете личен печат на вашите фотографии. Украсете ги омилените снимки со некој од широкиот избор на живописни печати. Изберете помеѓу иконите, забавните симболи и друго – навистина е едноставно.

Календари

Нема подобар начин за да уживате во вашите спомени низ целата година. Креирајте живописни календари со професионален изглед со помош на големиот избор на атрактивни шаблони. Тие ќе претставуваат идеален подарок за членовите на вашето семејство и пријателите.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Поставување на фотографии една врз друга (само DPP-FP97)

Режимот за преклопување ви овозможува вметнување на скици или рачно напишани пораки, за дополнително персонализирање на вашите фотографии.

Напишете нешто на лист бела хартија и снимете го листот со вашиот фото апарат. Потоа вметнете ја мемориската картичка во DPP-FP97 и поставете го напишаното врз некоја друга слика која е зачувана во меморијата на печатарот.

На екранот може да се прикаже тастатура со избор на повеќе фонтови за внесување на наслови и пораки. Ова е забавен начин за креирање на покани, честитки, пораки за благодарност и друго.

Печатење на колажи

На располагање ви стои голем избор на опции за печатење на колажи. Изберете 2, 4, 9, 13 или 16 слики на лист со големина 4x6. Ова е едноставен начин за креирање на комбинација од помали слики за врамување, споделување… или за носење во торбичка или портмоне.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Фотографии за лични документи

Зошто да трошите пари на автомат за фотографии или за фото-лабораторија? Лесно ќе можете да креирате слики за пасош, возачка дозвола или молба за вработување.

Изберете ја вашата слика, потоа прилагодете ја големината и позицијата по желба. Со автоматската доработка ќе можете да ги поправите експозицијата и црвените очи за добивање на најдобри резултати.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста