Мемориски картички

null
 
 

Мемориски картички

Мемориските картички од Sony ви нудат перформанси и квалитет кои се најдобри во својата класа. Достапни во голем опсег на формати, ќе можете да пронајдете картичка со која ќе извлечете максимум од вашиот уред. Згора на тоа, нашите картички се испорачуваат со вреден софтвер кој може бесплатно да го преземете, со цел да ги зачувате и збогатите вашите драгоцени спомени.

SD картички од Sony

SD и MicroSD картички

SD/SDHC и MicroSD се мемориски картички кои имаат голема примена кај голем број уреди од Sony и други брендови, меѓу кои и компактни и врвни DSLR фото апарати, видео камери, таблет уреди и мобилни телефони.

Дознајте повеќе

Memory Stick™ картички од Sony

Memory Stick™

Картичките од Sony се изработени за постигнување на најдобри перформанси и за гарантирање на компатибилност со фото апарати, видео камери и PlayStation® од Sony.

Дознајте повеќе

XQD™ картички од Sony

XQD™

Новиот напреден формат создаден во соработка со Sony за професионални фотографи.

Дознајте повеќе

Уживајте во 2 бесплатни преземања на софтвер

Сите мемориски картички од Sony нудат повеќе од очигледните придобивки - квалитетот и сигурноста. Потрошувачите добиваат можност за бесплатно преземање на две неопходни апликации: File Rescue и x-Pict Story.

Дознајте повеќе за сигурноста на мемориските картички од Sony*

Спасете ги фајловите на вашата мемориска картичка
x-Pict Story™ за мемориски картички

File Rescue

Понекогаш настанува проблем и податоците, како фотографии и фајлови, се оштетуваат или бришат. File Rescue е моќна алатка за пронаоѓање на оштетени или избришани податоци која е доволно едноставна за секој да може да ја користи. Достапна како бесплатно преземање за корисниците на мемориски картички, File Rescue ги скенира картичките и пронаоѓа избришани фајлови со импресивна стапка на успех од 90%.

  • Пронаоѓа случајно оштетени или избришани фајлови
  • Едноставно и бесплатно преземање за корисниците на мемориски картички
  • Стапка на успех од 90%
  • Неверојатно едноставни за користење

Преземете веднаш*

x-Pict Story™

Одличните фотографии заслужуваат да се видат и споделат. x-Pict Story™ ви ги нуди средствата за создавање впечатливи и оригинални слајд шоу презентации, со музика по ваш избор. Процесот во три чекори е многу лесен, а можноста за споделување овозможува вчитување и споделување преку услуги за споделување на видео како YouTube™.

  • Направете забавни слајд шоу презентации со музика
  • Неверојатно едноставни, дури и за IT почетниците
  • Можност за споделување на слајд шоу – идеално за услуги како YouTube™
  • Едноставно и бесплатно преземање за корисниците на мемориски картички

Преземете веднаш*

*Ве молиме имајте предвид дека пристапувате до содржини на англиски јазик.

 
© 2013 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Политика на приватност и колачиња (ажурирано во декември 2012 година)