File Rescue
ФункцииКорисниците на мемориски картички може бесплатно да го преземат софтверот File Rescue за пронаоѓање на податоци. Тој ја скенира табелата за распоред на фајлови (FAT) на картичката и ги бара локациите на изгубените фајлови. Исто така, го анализира типот на фајл кој сака да го пронајде, што ја подобрува можноста за успех во споредба со обично FAT скенирање. File Rescue може да препознае и пронајде повеќе типови на фајлови, во кои спаѓаат фотографии (JPEG), видео (MPEG) и музика (MP4). Податоците со заштитени права и игрите не можат да се пронајдат со File Rescue.
|
ПредностиFile Rescue користи комбинација од FAT скенирање и анализа на тип на фајл која овозможува успешно пронаоѓање на повеќе фајлови. Во просек, стапката на успешно пронаоѓање изнесува 90%.
|
ПридобивкиБидете безгрижни. Доколку настане проблем, File Rescue нуди едноставен, но ефективен начин за пронаоѓање на избришаните или оштетените фајлови. Корисниците на мемориски картички од Sony може брзо и бесплатно да го преземат. Иако е моќен, File Rescue е сепак едноставен за користење.
|

