1. На почеток
  2. Made for iPod and iPhone range
  3. Запознајте се со палетата
  4. Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone
 

Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone

 

Поставете стерео уред за автомобил произведен за iPod/iPhone и возете по брзата лента со висококвалитетен звук во автомобилот. Пребарувајте ги песните во вашиот iPod со еден допир на копче и добијте одличен звук насекаде во автомобилот.

DSX-S100

DSX-S100

Стерео уред за автомобил без CD единица, со скриен интелигентен оддел за вашиот MP3 плеер

4x 52W, Smart технологија, ZAPPIN™, DM+, FM приемник, 2 x 2V излези за предзасилувач

 

DSX-S300BTX

DSX-S300BTX

Стерео уред за автомобил без CD единица со Bluetooth® за телефонски разговори без користење на рацете и проследување музика

4x 52W, Bluetooth®, 2xUSB пр., "Корис.со iPhone", "Произ.за iPod", SensMe™, ZAPPIN™, Quick-BrowZer™

 

CDX-GT730UI

CDX-GT730UI

USB 1-wire главен уред со CD плеер компатибилен со MP3/WMA/AAC

 

 
 
 
 
 
Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone

Поврзете го вашиот iPod или iPhone со стерео уредот во автомобилот

Пристапете до вашата iTunes збирка со само едно кликнување, со користење на кабелот за едноставно USB поврзување кој овозможува пристап до музиката и видео снимките во вашиот iPod. Освен тоа, вашиот iPod ќе се дополнува додека возите слушајќи ги омилените песни.

Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone

Кажете им збогум на каблите кои прават неред

Складирајте го вашиот уред на тајно место и исфрлете ги каблите кои создаваат неред, со користење на скриениот оддел – компатибилен со вашиот iPod – кај нашите стерео уреди за автомобил произведени за iPod/iPhone. Ќе добиете дури и потсетник дека вашиот уред сè уште е внатре по исклучување на моторот.

Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone

Пронајдете ги саканите песни брзо и безбедно

Брзиот, безбеден пристап и контролата врз вашата музика беа нашите приоритети при создавање на палетата на стерео уреди за автомобил произведени за iPod/iPhone, па затоа ја додадовме технологијата ZAPPIN™ која ќе ви помогне набрзина да ја пронајдете вистинската песна. Таа врши репродукција на кратки делови од рефрените на песните во вашиот iPod за да ви помогне побрзо да ја препознаете вистинската песна. Или, пак, може да ја користите функцијата QuickBrowZer™ за пронаоѓање на песни по категорија, жанр, изведувач, албум или листа за репродукција.

Уреди за авт. произведени за iPod/iPhone

Слушајте ја вашата iTunes збирка со јасни и остри детали

Слушајте ја придружната музика на патувањата со живописен и реалистичен звук. Функциите како високо/нископропусни филтери обезбедуваат звук со почист квалитет без никакви прекини.

iPhone, iPod, iPod classic, iPod nano и iPod touch се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во Соединетите Американски Држави и други земји. iPad е трговска марка на Apple Inc.

Со ознаките “произведено за iPod”, “произведено за iPhone” и “произведено за iPad” се посочува дека електронската галантерија е специјално дизајнирана за поврзување со iPod, iPhone или iPad, соодветно, и дека има сертификат за исполнување на стандардите за перформанси од Apple од страна на производителот. Apple не е одговорен за функционирањето на овој уред или неговата усогласеност со стандардите за безбедност и регулирање. Ве молиме имајте предвид дека употребата на оваа галантерија со iPod, iPhone или iPad може да влијае врз безжичните перформанси.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста