Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

HDR

Висок динамички опсег (HDR) за неверојатни резултати

Тука ќе можете да научите едноставна техника за снимање, за добивање на навистина прекрасни фотографии. HDR е вистински хит откако фотографите ги открија уникатните визуелни ефекти што ги нуди оваа техника.

 

Потребен е посебен софтвер, но станува збор за широко достапен стандарден софтвер за манипулација со слики кој нуди сложување на HDR слики.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Што е HDR?

Под сцена со висок динамички опсег се подразбира сцена со многу голема разлика помеѓу најсветлите и најтемните делови: оваа разлика прави да биде невозможно или многу тешко за фото апаратите (за сите фото апарати) прецизно да ги снимат информациите за осветленоста.


Во основа, доколку темните делови се прецизно снимени, светлите делови стануваат премногу осветлени – комплетно бели. А доколку правилно ги снимиме светлите делови, сенките стануваат комплетно црни. Така, трикот се состои во тоа да ги комбинираме сликите со ниска експозиција и сликите со висока експозиција.

Без висок динамички опсег: премногу темноБез висок динамички опсег: премногу темно
Без висок динамички опсег: премногу светлоБез висок динамички опсег: премногу светло


Снимање на група

Потребно е снимање на група: најмалку три, но за подобри резултати се препорачуваат пет снимки со различна експозиција. Постапката има за цел добивање на една слика со правилна експозиција на сенките и друга со правилна експозиција на светлите делови. Овие слики ги спојуваме со помош на компјутер во процес кој се нарекува ‘мапирање на тонови’ или ‘сложување со висок динамички опсег’.


Постапката има за цел добивање на една слика со правилна експозиција на сенките и друга со правилна експозиција на светлите делови. Овие слики ги спојуваме со помош на компјутер во процес кој се нарекува ‘мапирање на тонови’ или ‘сложување со висок динамички опсег’.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.


Резултат на HDR сложувањеРезултат на HDR сложување

Сакате и самите да се обидете? Еве како:

  1. Поставете ISO 200, или ISO 400 доколку имате некој од најновите модели.
  2. Поставете го режимот на експозиција на A (приоритет на решетка)
  3. Поставете го Sony DSLR апаратот за снимање на серија експозиции - колку што е можно побрзо: 3 снимки во секунда е добро (5-те снимки во секунда кај DSLR-A700 и DSLR-A900 се одлични).
  4. Изберете ја сцената: таа треба да биде светла, а главните елементи да бидат статични - подвижните облаци и лисјата на далечните дрвја се во ред; (но кај луѓето кои пешачат сложувањето е многу тешко)
  5. Вклучете ја стабилизацијата на сликата.
  6. Поставете ја вредноста на Drive на групно снимање (три или пет експозиции – во зависност од Sony DSLR моделот) со чекор на промена од 0.7.
  7. Обидете се да најдете нешто на што ќе можете да се потпрете, или да го поставите апаратот. Компонирајте ја снимката и проверете го фокусот.
  8. Мирно издишете го воздухот, и пред да вдишете повторно нежно притиснете го копчето за бленда, и задржете го додека не се снимат сите експозиции.
  9. Отворете ги сликите во некој од комерцијално достапните HDR софтвери и обработете ги. Уживајте во добиените прекрасни ефекти.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Експозиција

Системите за автоматска експозиција се прецизни при пресметка на степенот на експозиција. Сепак, тие не можат да ја предвидат вашата креативност. За прилагодување кон вашиот вкус или за специјални ефекти, може да ги промените параметрите на апаратот.

Дознајте повеќе

RAW

Сите Sony DSLR фото апарати ви нудат избор: снимање во JPEG формат за поголема брзина и практичност, или снимање во RAW формат за врвен квалитет. За кој формат ќе се одлучите зависи од вашите фотографски потреби и од пристапот до компјутерите.

Дознајте повеќе

Услуги и поддршка

Водич за отстранување на проблемите при фотографирањето: прашања во врска со блендата, фокусирањето, одблесокот, боите, екпозицијата.

Повеќе информации



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста