Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

RAW

RAW снимање за врвен квалитет

Сите Sony DSLR фото апарати ви нудат избор: снимање во JPEG формат за поголема брзина и практичност, или снимање во RAW формат за врвен квалитет. За кој формат ќе се одлучите зависи од вашите фотографски потреби и од пристапот до компјутерите.

 

RAW форматот во овозможува контрола на секој аспект на финалната слика: нешто слично како развивање на сопствен филм, но вие тука "развивате" сопствена дигитална слика.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Придобивки на RAW форматот

Најважната придобивка на RAW форматот е големата флексибилност и одличните можности за менување на сликата, со истовремено задржување на квалитетот. RAW ви нуди

  • Слики со најголем динамички опсег – со подобра способност за снимање на светлите делови и сенките
  • Слики чиј баланс на белата боја може да се промени во кој било момент
  • Подобрена контрола врз острината во споредба со другите формати на фајлови
  • Подобрена флексибилност при корекцијата на грешките во експозицијата
  • Подобрено намалување на шумот

Забелешка: Алтернативното снимање во JPEG формат е побрзо, полесно, резултира во помали фајлови и нуди придобивки од експертизата на експертите за обработка на слики од Sony кои се погрижија JPEG фајловите да можат да се користат директно од фото апаратот.

Сакате и самите да се обидете? Еве како:

  • Поставете RAW во менито за квалитет.
  • Кај некои модели можете да поставите cRAW (RAW со компресија): фајловите се помали во однос на RAW но потребно е подолго време за обработка
  • Можете да поставите RAW + JPEG: притоа се зачувуваат два фајлови – RAW и соодветен JPEG кој можете да го користите за прегледување на RAW фајлот или за непосредно користење. Со ова се троши повеќе мемориски простор.
  • По снимањето, префрлете ги RAW фајловите и прегледајте ги со помош на RAW софтвер за конверзија: подгответе се да бидете изненадени колку ќе можете да ги промените фајловите без компромитирање на квалитетот на сликата.
  • Кога ќе бидете задоволни, зачувајте го RAW фајлот во JPEG или TIFF формат.
Забелешка:
На почетокот, обработените RAW фајлови може да не изгледаат толку добро колку и JPEG сликите од апаратот, бидејќи JPEG сликите се резултат на Sony експертизата од полето на обработка на слики. Доколку не сте сигурни околу обработката на RAW форматот, можете да добиете подобри резултати доколку за JPEG поставите - Квалитет > Екстра фино.

Што претставува RAW?

Поединечните точки на сензорите на дигиталните фото апарати ги снимаат само основните информации за бојата – црвена, зелена или сина (или цијан кај некој апарати). Ова се необработените податоци кои се зачувуваат во RAW формат. За финалната слика потребни се пресметки за пополнување на податоците за другите бои, со што секоја точка ќе добие комплетни податоци. Ова се врши со RAW софтвер за конверзија кој се испорачува со Sony DSLR фото апаратите.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Баланс на белата и другите бои

Сакате максимален ефект на снимките? Прецизноста на боите е суштинска. Проблемот со кој се соочуваме е дека боите во сцената зависат од бојата на светлината – и од "температурата на бојата" – менувајќи се во црвена, бела, сина или друга нијанса.

Дознајте повеќе

HDR

Тука ќе можете да научите едноставна техника за снимање, за добивање на навистина прекрасни фотографии. HDR е вистински хит откако фотографите ги открија уникатните визуелни ефекти што ги нуди оваа техника.

Дознајте повеќе

Услуги и поддршка

Водич за отстранување на проблемите при фотографирањето: прашања во врска со блендата, фокусирањето, одблесокот, боите, екпозицијата.

Повеќе информации



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста