Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Резолуција

Користење на соодветна резолуција

Овој водич ќе ви покаже како да ја максимизирате фото ефикасноста преку усогласување на резолуцијата и квалитетот со планираната намена на вашите фотографии. Дознајте што е резолуција, зошто големината на сликите е различна и научете за компресијата.

 

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Што означува резолуцијата

Резолуцијата е мерка за степенот на детали со кои ќе биде снимена фотографијата. Два ситни соседни детали, на пр. две влакна од коса, велиме дека се "разложени" доколку можат да се видат поединечно. Високата резолуција значи дека при високо зголемување деталите ќе можат одлично да се разликуваат.

Деталите во вашите слики се составени од поединечни елементи (пиксели или точки), така што точките треба да бидат помали од деталите.


Следува дека колку е поголем бројот на точки, толку повеќе детали можат да бидат снимени.

Но тоа не значи дека големите слики - со огромен број на точки – ќе ви гарантираат висока резолуција. Доколку објективот не е добо фокусиран или за време на експозицијата има движење, сите тие точки ќе создадат една заматена слика.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Најдобра големина на сликата?

Големината на сликата е поврзана со ограничувањето на резолуцијата: колку е поголема сликата, толку е поголема можноста за снимање на детали. Но големите слики многу брзо ќе ја исполнат вашата меморија и хард дискот на вашиот компјутер. Најдобро е да ја усогласите големината на сликата со нејзината намена:

  • L или големо: служи за складирање на важни слики, за печатење до A3 големина, или пак A4 големина со исклучителен квалитет. Оваа големина користете ја за објекти со многу фини детали или суптилни тонови.
  • M или средно: служи за печатење со A4 големина со добар квалитет и претставува одлична големина за општа намена за широк опсег на објекти.
  • S или мало: за снимање на голем број слики и за значително намалување на времето за компјутерска обработка: со квалитет кој е доволен за веб-страниците. Оваа големина користете ја кога фините детали не се важни.

Каков сооднос на сликата?

Повеќето Sony DSLR фото апарати снимаат во два различни соодноси на страните на сликата:

  • 3:2 е класичниот сооднос, при што подолгата страна е еден и пол пат подолга од покусата страна, што е слично како кај 35-милиметарскиот филм: ова е совршено за општа намена и за печатење.
  • 16:9 е новиот популарен сооднос, кој претставува стандард за HDTV и нуди возбудлив поглед и снимки на луѓе со кино стил.

Параметри за квалитет?

Параметрите за квалитет кај Sony DSLR фото апаратите ви овозможуваат да одлучите околу балансот помеѓу големината на фајлот и квалитетот.

  • Изберете стандардно (STD) за да работите со најмали фајлови за слики (ќе можете да складирате повеќе слики на меморискиот уред) но со мала загуба во квалитетот на сликата.
  • Изберете фино (FINE) за да работите со малку поголеми фајлови за слики, при што намалувањето на квалитетот на сликата е видливо само при големи зголемувања.
  • Изберете екстра фино (X-FINE) за да добиете најдобар квалитет на сликата, но фајловите ќе бидат големи.

Што е компресија?

Различните Sony DSLR фото апарати користат два различни типови на компресија:

  • Компресијата без загуби е достапна кај некои модели за cRAW фајловите: со неа се намалува големината на фајлот (за околу 60-70%) без отфрлување на податоците, но времето за обработка може да биде зголемено.
  • Компресијата со загуби ги отфрла непотребните податоци за креирање на JPEG фајлови: количината на отфрлените или загубените податоци зависи од поставувањето за квалитет. Колку повеќе податоци се загубени толку е помал фајлот, но постои одредена видлива загуба во квалитетот при внимателната проверка.


Забелешка: Мемориските уреди како Memory Stick™ во пракса имаат податочен капацитет кој е малку помал од декларираниот бидејќи одреден мемориски простор се користи за индексните податоци за сликите.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Големина на слика

Дознајте за која големина на слика да се одлучите при снимањето.

Дознајте повеќе

Услуги и поддршка

Листа на компатибилност за Memory Stick™ производи.

Повеќе информации

FAQ - често поставувани прашања

Веб-страницата за услуги и поддршка ви нуди одговор на отворените прашања.

Повеќе информации



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста