Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Заматеност со следење

Убавината на заматеноста

Обидете се да ги прекршите правилата! Резултатите можат да ве изненадат. Наместо да го држите мирно апаратот, обидете се да направите движење при експозицијата. И наместо да го користите најкусото време на експозиција, обидете се со подолго време.

 

Но зарем ова не е начин за добивање на најзаматена слика? Токму тоа го сакаме!
Доколку со апаратот следите подвижен објект ќе се случи чудо: објектот ќе остане прилично изострен, но заднината ќе биде многу заматена.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Сакате и самите да се обидете? Еве како:

  1. Изберете какво било опкружување – на пример вашата канцеларија, дом, парк или морски брег.
  2. Поставете S приоритет (брзина на бленда).
  3. Поставете експозиција помеѓу 1/30 сек. и 1 сек. Доколку апаратот ве предупреди дека 1 сек. е предолг период за достапните вредности на решетката, поставете покуса експозиција.
  4. Започнете полека да го движите апаратот, потоа притиснете го копчето за бленда.
  5. Или фокусирајте подвижен објект, следете го со визирот и притиснете го копчето за бленда додека продолжувате со следењето.
  6. Испробајте различни брзини на блендата и различни подвижни објекти за да откриете што дава најдобри резултати.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Заматеност со зумирање

Еве еден едноставен и забавен трик за добивање на апстрактни бои. Тој нуди особено добри ефекти со вечерно осветлување, но може да се користи во кое било време и со кој било објект и осветлување. Sony DSLR фото апаратите создаваат исклучителни резултати благодарение на SteadyShot INSIDE.

  1. Изберете какво било опкружување – на пример вашата канцеларија, дом, парк или морски брег.
  2. Поставете S приоритет (брзина на бленда) и SteadyShot INSIDE.
  3. Поставете експозиција помеѓу 1/30 сек. и 1 сек. Доколку апаратот ве предупреди дека 1 сек. е предолг период за достапните вредности на решетката, поставете покуса експозиција.
  4. Поставете го објективот на широкоаголниот или телефото крајот; со раката опфатете го прстенот за зумирање.
  5. Ослободете ја блендата и веднаш завртете го прстенот за зумирање.
  6. Прегледајте ги резултатите и променете ги времето на експозиција, брзината на зумирање или насоката за добивање на подобра композиција.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Оптички Steady Shot

Дознајте како да ги избегнете заматените снимки.

Дознајте повеќе

Композиции

Дознајте на кој начин нашите совети за композицијата можат да ви помогнат да ги подобрите вашите фотографии.

Дознајте повеќе

Услуги и поддршка

Водич за отстранување на проблемите при фотографирањето: прашања во врска со блендата, фокусирањето, одблесокот, боите, екпозицијата.

Повеќе информации



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста