Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Мала длабочина на полето

За издвојување на одредени делови од сцената

Преку намалување на површината на сцената која е остро фокусирана, вие ја намалувате и длабочината на полето. При фокусирање на саканиот објект, со намалување на длабочината на полето заднината станува "помека", т.е. малку се заматува.

 

Ефектот нуди стилска промена во однос на големата длабочина на полето која најчесто се користи.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Како се постигнува?

Колкав дел од површината пред и зад објектот ќе биде фокусиран зависи од количеството светлина кое минува низ објективот.
Мерката за вредноста на решетката кај објективот на фото апаратот се врши преку f-stop бројот. f-stop вредноста одредува колкаво количество светлина е дозволено да мине низ објективот на патот кон сензорот. Помалите f-броеви водат кон намалена длабочина на полето и намалување на сцената која ќе биде остро фокусирана.

Така, за да добиете намалена длабочина на поле, користете објектив со голема максимална решетка (на пр. 50мм f/1.4) или поставете го зумирањето на максимална фокусна должина. Потоа следуваат само два едноставни чекори:

  1. Поставете A режим (приоритет на решетка) или рачна контрола на експозицијата
  2. Поставете го објективот на максимална решетка

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Практични совети

  • Колку сте поблиску до вашиот објект, толку заднината ќе биде позаматена
  • Колку е поодалечена заднината од вашиот објект, толку таа ќе биде "помека".
  • Кај портретите, обично најдобро е да го фокусирате поблиското око.
  • Линиите со силен контраст во заднината ќе изгледаат остро дури и кога се надвор од фокусот – избегнувајте ги.
  • Светлите линии или делови во заднината исто така ќе изгледаат остро иако не се фокусирани – повторно, избегнувајте ги освен ако не се потребни.
  • Обидете се да ја зголемите експозицијата за лесно, нестварно чувство.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Автоматско фокусирање

Креативно искористете го фокусирањето преку AF заклучување.

Дознајте повеќе

Острина

Како знаете дека имате снимка од врвен калибар? Најважна е острината: деталите се јасни, рабовите се изострени и важните елементи се прецизно фокусирани. Дознајте како да ги користите основните вештини за добивање на јасни изострени снимки.

Дознајте повеќе

Резолуција

Овој водич ќе ви покаже како да ја максимизирате фото ефикасноста преку усогласување на резолуцијата и квалитетот со планираната намена на вашите фотографии. Дознајте што е резолуција, зошто големината на сликите е различна и научете за компресијата.

Дознајте повеќе



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста