Македонија (Промена) | Професионални производи

 
 
 

DSLR: Специјални ефекти

Добредојдовте на обуката за специјални ефекти. Тука ќе можете да научите како да создавате невообичаени визуелни ефекти. Некои се многу едноставни – па сепак со голем ефект – додека за други ќе ви биде потребен поголем напор, но за возврат ќе добиете навистина интересни резултати. Испробајте ги, експериментирајте и подигнете го вашето фотографирање на нови височини!

Мала длабочина на полето

За издвојување на одредени делови од сцената. Преку намалување на површината на сцената која е остро фокусирана, вие ја намалувате и длабочината на полето. При фокусирање на саканиот објект, со намалување на длабочината на полето заднината станува "помека", т.е. малку се заматува.

Дознајте повеќе

Заматеност со следење

Обидете се да ги прекршите правилата! Резултатите можат да ве изненадат. Наместо да го држите мирно апаратот, обидете се да направите движење при експозицијата. И наместо да го користите најкусото време на експозиција, обидете се со подолго време.

Дознајте повеќе

Графички силуети

Сте посакале ли да снимате прекрасни силуети – кај кои објектите се снимени така да се прикажуваат само контурите? Во овој водич научете ги едноставните тајни: поставете се во вистинската позиција и користете заклучување на автоматската експозиција.

Дознајте повеќе



Bookmark and Share

® "WALKMAN" и логото на "WALKMAN" се  регистрирани трговски марки на Sony Corporation

 
DSLR-A200
DSLR-A350
DSLR-A700
DSLR-A300
DSLR-A900