Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Баланс на белата и другите бои

Прекрасни бои за поголем ефект

Сакате максимален ефект на снимките? Прецизноста на боите е суштинска. Проблемот со кој се соочуваме е дека боите во сцената зависат од бојата на светлината – и од "температурата на бојата" – менувајќи се во црвена, бела, сина или друга нијанса.

 

Можеме да го надминеме проблемот со балансот на белата боја - корекцијата на фото апаратот која води сметка за бојата на светлината. Дознајте како можете да ги користите параметрите на фото апаратот за добивање на снимки со прецизни бои.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Температура на бојата

Ќе прашате како тоа бојата има температура? Всушност, бојата на светлината е поврзана единствено со температурата на светлинскиот извор. Со загревање, светлината од изворот се менува од црвена во жолта и на крај сина.

Погледнете како се менуваат различните бои со промената на температурата на бојата на светлината.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Автоматски баланс на белата боја за брзо поставување

Општо, боите на сликата се многу попрецизни доколку сликата вклучува неутрални области со бела, сива или црна боја без нијанси на друга боја.
Автоматскиот баланс на белата боја кај Sony DSLR апаратите претставува брз начин за добивање на прецизни бои. Како и автоматската експозиција, оваа функција ја испитува светлината и ги пресметува параметрите на апаратот за добивање најдобри резултати.

Сепак, рачното поставување може да даде резултати кои подобро ќе одговорат на специфични барања. Со менување на светлосните услови, обидете се со специфично поставување:

  • Дневна светлина: Кога сте надвор во светли, сончеви денови
  • Во сенка: Кога сте во сенка во светли денови
  • Облачно: Кога сте надвор во облачни или делумно облачни денови
  • Светлина од волфрам: Кога сте во затворени простории со домашно осветлување
  • Неонска светлина: Кога сте во затворени простории - во канцеларија или слично со неонско осветлување
За максимална флексибилност во поглед на боите, снимајте во RAW формат: ќе можете да изберете прецизен баланс на белата боја за вашата сцена.

Напреден совет за професионални резултати: користете сива карта

  1. Купете сива карта (едната страна треба да биде сива, другата бела) од фото-продавница
  2. Изберете корисничко поставување на балансот на белата боја
  3. Користете ја сивата страна при добра осветленост, белата страна при слаба осветленост: држете ја картата за да ја примите опкружувачката светлина
  4. Насочете ја областа за мерење во точка кон картата
  5. Притиснете го копчето за бленда за да ја регистрирате температурата на бојата

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

RAW

Сите Sony DSLR фото апарати ви нудат избор: снимање во JPEG формат за поголема брзина и практичност, или снимање во RAW формат за врвен квалитет. За кој формат ќе се одлучите зависи од вашите фотографски потреби и од пристапот до компјутерите.

Дознајте повеќе

Услуги и поддршка

Зошто е неопходно управувањето со боите?

Повеќе информации

FAQ - често поставувани прашања

Веб-страницата за услуги и поддршка ви нуди одговор на отворените прашања.

Повеќе информации



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста