Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
 

Автоматско фокусирање

Фокусирањето е постапка за изострување на сликата пред да се изврши експозицијата. Кога објектот е фокусиран тој има јасно дефинирани контури, со остри детали и без заматеност. Вашиот Cyber-shot фото апарат има вградена технологија со функција за откривање на лице, со која се врши автоматско фокусирање на лицата.

Метод на фокусирање

Cyber-shot фото апаратот може да се постави да врши автоматско фокусирање на различни начини, во согласност со начинот на компонирање на објектот. За да добиете најдобро автоматско фокусирање (AF), дознајте како да ги прилагодите AF параметрите кон вашата сцена.

Повеќекратен AF

Повеќекратниот AF врши анализирање на целата сцена во потрага по елементите кои најверојатно ќе сакате да бидат фокусирани. Ова поставување е добро за општо фотографирање и кога главниот објект не е поставен во центарот.

Централен AF

Централниот AF врши автоматско фокусирање на објектот во центарот на сликата. Ова поставување е корисно кога ја употребувате функцијата за AF заклучување (погледнете подолу) и кога сакате да ја рекомпонирате снимката.

AF во точка

AF во точка е слично со AF во центарот, но фокусирањето е во многу мала точка во центарот на сцената. Ова е корисно при фокусирање на специфични елементи, како на пример очите на фотографираното лице.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Поврзани теми

Функција за откривање на лице

Снимајте одлични портрети со помош на функцијата за откривање на лице

Повеќе

Луѓе

Подобрете го изгледот на снимките со пријателите и семејството

Повеќе

Острина

Како знаете дека имате снимка од врвен калибар? Најважна е острината: деталите се јасни, рабовите се изострени и важните елементи се прецизно фокусирани. Дознајте како да ги користите основните вештини за добивање на јасни изострени снимки.

Повеќе



Bookmark and Share

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста