Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
 

Композиција

Добрата композиција ви овозможува да ги унапредите вашите снимки без потреба од големо познавање на технологијата и параметрите на фото апаратите. Без разлика дали поседувате најнов Cyber-shot апарат со моќни функции или не, овие едноставни техники за композиција ќе ви помогнат да ги подобрите вашите снимки.

Конвергентни линии

Побарајте конвергентни линии како што се патиштата, пругите, тротоарите или сенките. Овие линии ќе го насочат вашиот поглед кон оддалечените делови, со што снимката ќе стане подинамична. Оваа техника дава одлични резултати со широкоаголно (W) поставување на зумот.

Ритмички елементи

Обидете се да најдете ритмички елементи кои се повторуваат, како што се низите од дрвја, автомобили, луѓе – или каква било група која се повторува. Ваквите низи ги одмораат очите, но малите варијации внесуваат живост во композицијата и ја прават поинтересна. Оваа техника дава одлични резултати со телефото (T) поставување на зумот.

Конвергентни линии
Ритмички елементи

Елементи кои се преклопуваат

Преклопувајте ги елементите во сцената за делумно прикривање на објектот – креирајќи чувство на мистериозност. Ќе забележите и поголема длабочина – создавање на просторност на снимката. Оваа техника дава одлични резултати со T или телефото поставување на зумот.

Обликување на кадарот

Користете елементи кои го обликуваат кадарот: дрвја, човечки раце, влезови – сите тие формираат рамка со која вниманието на гледачот ќе го насочите кон точката на интерес. Оваа техника дава одлични резултати со секакво поставување на зумот.

Елементи кои се преклопуваат
Обликување на кадарот
Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Поврзани теми

Одмори и патувања

Извлечете максимум од фотографиите од одморите и патувањата со помош на нашите корисни совети

Повеќе

Длабочина на полето

За да постигнете издвојување на одредени делови, обидете се да ја намалите површината на сцената која е остро фокусирана. Поинаку кажано, намалете ја длабочината на полето. При фокусирање на саканиот објект, со намалување на длабочината на полето заднината станува "помека", т.е. малку се заматува.

Повеќе



Bookmark and Share

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста