Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Фотографирање при слаба осветленост

Врвни резултати со вашиот DSLR апарат.

Фотографирањето при слаба осветленост е еден од најтешките предизвици кај дигиталната фотографија. Овие водичи ќе ви покажат како да снимате неверојатно детални фотографии при слаба осветленост со вашиот дигитален SLR фото апарат од Sony.

 

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Објаснување на функциите на фото апаратите: Оптимизатор на D-опсег и Auto-HDR

Оптимизатор на D-опсег (DRO)

Снимете ги сите детали, дури и во сцените со широк опсег на светли и темни подрачја.

Системите за мерење кај фото апаратите можат да имаат проблеми со незгодните објекти кои истовремено вклучуваат многу светли и темни делови.

Оптимизаторот на D-опсег во вашиот DSLR фото апарат од Sony врши анализа на секој дел од сцената пред фотографирањето. Вредностите за експозицијата автоматски се прилагодуваат за одлично избалансирани снимки, со богати сенки и јасни, природни детали во светлите подрачја.

Сликите со оптимизатор на D-опсег сепак изгледаат природно, бидејќи динамичкиот опсег на осветлените и деловите под сенка се оптимизира со природна палета на тонови.

Auto-HDR

Снимајте со широк опсег на детали од светлите и темните делови во дадена сцена.

DSLR-A550 и A500 располагаат со нов Auto-HDR (висок динамички опсег) режим. Овој режим врши автоматско снимање на две слики од истата сцена, прилагодувајќи ја експозицијата за снимање на светлите и деталите во длабоката сенка.

Фото апаратот ги спојува двете слики, создавајќи единечна HDR слика со огромен бој на фасцинирачки детали. Дури не ви е потребен ниту статив или специјален фото софтвер за креирање на драматични HDR слики на ентериери, пејзажи и архитектонски сцени.

Auto-HDR овозможува проширување на динамичкиот опсег, нудејќи ви нова возбудлива палета на креативни можности.

Останати параметри со кои треба да ги познавате

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Решетка

Со згаснувањето на светлината, осигурете се дека вашиот објектив ќе прифати колку е можно повеќе светлина. Најдобри резултати ќе добиете доколку преминете на брз и светол објектив со широка максимална решетка.

Решетката кај сите фотографски објективи се мери според нејзиниот F-број. Овој параметар одредува колкаво количество светлина е дозволено да мине низ објективот на патот кон сензорот. Мал F-број значи поширок и посветол објектив кој ќе прифати повеќе светлина при максимална решетка.

Брзина на затворање на блендата

Брзината на затворање на блендата го одредува времето на експозиција - ефективното време на отвореност на блендата на фото апаратот.

Можете да го зголемите или намалите количеството светлина кое влегува низ блендата преку прилагодување на брзината на блендата. Малите брзини на бленда често се користат во услови на слаба осветленост, со што се продолжува времето до затворањето на блендата и се зголемува количеството на прифатена светлина.

Притоа вклучете ја SteadyShot INSIDE функцијата: таа ќе ги намали ефектите од тресењето на апаратот при користење на подолго време на експозиција.

ISO чувствителност

Покрај решетката и брзината на блендата, прилагодувањето на ISO чувствителноста на фото апаратот исто така може да создаде голема разлика кај фотографирањето при слаба осветленост.

Како и за секоја друга сцена, користете ја најмалата (практично) можна ISO вредност за постигнување на најдобар квалитет. При ниски ISO вредности боите се суптилни и со пофина градација, додека деловите во сенка изгледаат поприродно. Обично е подобра и острината, бидејќи има помалку шум кој ќе им пречи на фините детали.

Дознајте повеќе за ISO вредностите

Галантерија за фотографирање при слаба осветленост

Објективи со мал F-број

Вие ќе добиете врвна јасност и исклучителна резолуција со секаков објект.

Изберете совршен објектив за прекрасни снимки во самрак

Статив

Добијте помирна слика со статив ...

Обидете се да добиете постабилна слика со статив

Надворешен блиц

Добијте повеќе светлина на вашиот објект со надворешен блиц ...

Снимајте фотографии во слабо осветлените простории со надворешен блиц

Нестрпливи сте да дознаете повеќе?

 

Експозиција

Системите за автоматска експозиција се прецизни при пресметка на степенот на експозиција. Сепак, тие не можат да ја предвидат вашата креативност. За прилагодување кон вашиот вкус или за специјални ефекти, може да ги промените параметрите на апаратот.

Дознајте повеќе

ISO

ISO вредноста не е само основен параметар, туку може да се користи и како креативна алатка. Во овој водич ќе ви покажеме како динамички да ги користите ISO параметрите за да ја постигнете саканата цел при фотографирањето.

Дознајте повеќе

HDR

Тука ќе можете да научите едноставна техника за снимање, за добивање на навистина прекрасни фотографии. HDR е вистински хит откако фотографите ги открија уникатните визуелни ефекти што ги нуди оваа техника.

Дознајте повеќе



Bookmark and Share

 
DSLR-A350
DSLR-A300
DSLR-A200
DSLR-A700
DSLR-A900

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста