Природна, живописна, реалистична слика

 

Нашите телевизори претставуваат ваш прозорец кон поширокиот свет, а ние сакаме да ви ја понудиме најреалистичната можна слика. Веднаш ќе заборавите на LED екранот, Full HD 1080p и автоматското прилагодување на длабочината, штом се задлабочите во сликата која е појасна, поостра и пореалистична од која било слика што досега сме ја создале.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Гледајте остри детали со X-Reality PRO

Реалистични детали

Погледнете ги сончевите зраци кои се одбиваат од површината на езерото и создаваат нови облици и текстури. Оваа е разликата која ја добивате кај телевизорите со X-Reality PRO. Секој елемент од сликата е поостар со технологијата X-Reality PRO на вашиот телевизор, така што ќе заборавите дека седите во вашата дневна соба и ќе се задлабочите во приказната.

Дознајте повеќе за телевизорите со X-Reality PRO

Подобар квалитет на сликата во темни сцени

Реалистичен контраст

Дури и во темнината, нашите очи можат да забележат суптилни разлики во сенките и тоновите. Истото се случува и со сликата на телевизорот, екранот со висок контраст кај нашите најнови телевизори ги прави ноќните сцени појасни секогаш кога на екранот има и светли и темни елементи, за да можете полесно да ги забележите и гледате суптилните движења во ноќта.

Дознајте повеќе за екраните со висок контраст

Погледнете повеќе бои со телевизор од Sony

Реалистични бои

Некои бои може да ги видите само еднаш во вашиот живот, на пример кога одите на планинарење или, пак бојата на очите на вашето дете. Нашите телевизори се дизајнирани да ги усогласат боите колку што е можно пореалистично, користејќи широк спектар на бои – почнувајќи од енергични и живописни, па сè до нежни и детални бои.

Дознајте повеќе за длабоките, реалистични бои со X-Reality

Погледнете повеќе од случувањата со Motionflow XR

Реалистични движења

Денешните спортисти се движат со неверојатна брзина и извонредни вештини. Осигурајте се дека вашиот телевизор може да работи во чекор со нив. Телевизорите со технологијата Motionflow XR се специјално дизајнирани да ги направат динамичните движења послични со оние во вистинскиот живот, односно рамномерни и природни.

Дознајте повеќе за порамномерните случувања со Motionflow XR

Добијте појасен приказ во 3D

Реалистично 3D

Почувствувајте се како да сте во центарот на случувањата со навистина прекрасното 3D доживување кое го нудат нашите најнови телевизори. Ја направивме 3D сликата пореалистична и повозбудлива, со поостра слика и создавање на пореалистична длабочина.

Дознајте повеќе за High Definition 3D

Изберете го вашиот телевизор

  1. Најмногу продавани
  2. Изберете според големина на екран

KDL-46HX850

KDL-46HX850НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46HX750

KDL-46HX750НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • 3D и 2D
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46HX755

KDL-46HX755НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46EX650

KDL-46EX650НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Full HD
  • Странично LED осветлување

 

KDL-26EX550

Достапен во:

KDL-26EX550НОВО

  • 66 см  /  26"LCD TV
  • HD Ready
  • Странично LED осветлување

 

 
 
 
 
 

Погледнете ги сите телевизори

Од втор телевизор за во спалната соба, па сè до голем екран за уживање во 3D содржини, направете споредба и пронајдете го вистинскиот телевизор за вас.

Пребарајте ја нашата палета на телевизори

Галантерија

Пронајдете ги сите кабли, звучници и 3D очила кои ви се потребни.

Погледнете ја целосната галантерија за телевизори

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста