USB репродукција

 

USB приклучокот на BRAVIA® телевизорот е едноставен начин за отворање на еден нов свет на можности во домашната забава. Едноставно приклучете фото апарат, музички плеер или USB уред преку USB приклучокот и претворете го големиот екран на вашиот BRAVIA телевизор во огромна фото галерија, музички систем или видео плеер.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

BRAVIA телевизорите располагаат со повеќе практични функции кои ќе ви помогнат да извлечете максимум од USB поврзувањето.

USB фото прегледувач

Погледнете ги деталите на фотографиите на голем екран
Откако во USB приклучокот ќе го поврзете вашиот апарат, благодарение на USB фото прегледувачот вашиот телевизор ќе се претвори во џиновски екран на фото апаратот. Лесно пристапите на фотографиите од вашиот дигитален фото апарат Cyber-shot или USB уред и уживајте додека ги разгледувате на големиот екран. Ќе можете да ги прилагодувате параметрите на сликата, да ги прикажувате фотографиите на цел екран, да погледнете слајд шоу – дури и да поставите омилена фотографија како слика за режим на подготвеност.

USB музички плеер

Вашата музика во најдобро издание
Репродуцирајте ги омилените мелодии или листи за репродукција со моќен звук преку звучниците на вашиот BRAVIA телевизор. Поврзете уред компатибилен со USB на кој е сместена вашата MP3 музичка библиотека, како на пр. VAIO лаптоп, WALKMAN® или USB мемориски уред, и ќе можете да ги пребарувате музичките фајлови, да ги погледнете уметничките слики од албумите и да ги репродуцирате песните со одличен опкружувачки звук. Сите овие операции се достапни преку далечинскиот управувач на BRAVIA телевизорот.

USB Media Player

"Сè-во-едно" плеер за фотографии, музика и HD видео снимки
USB Media Player ви овозможува едноставна репродукција на вашата музика, прегледување на вашите фотографии и гледање на вашите видео снимки со висок квалитет на екранот од вашиот BRAVIA. Само приклучете USB уред или поврзете дигитален фото апарат Cyber-shot, VAIO лаптоп, WALKMAN® или HD Handycam® и претворете го вашиот телевизор во уметничка галерија, стерео систем или кино, без никаков напор.

DivX плеер

DivX плеер

Лесно префрлувајте филмови преку USB
Сè повеќе BRAVIA телевизори содржат вграден DivX плеер. DivX е дигитален видео формат кој нуди уживање при гледањето со висок квалитет на голем избор на уреди, зафаќајќи само дел од големината на DVD дисковите. Со DivX плеерот лесно може да гледате DivX видео записи на вашиот телевизор. Само префрлете ги филмовите од вашиот лаптоп или десктоп компјутер на вашиот BRAVIA телевизор преку USB мемориски уред.

Зачувајте ги омилените ТВ емисии на хард диск

Снимање на USB HDD

Зачувајте ги омилените ТВ емисии на хард диск
Снимањето на USB HDD ви овозможува да ги снимите омилените ТВ емисии директно од вашиот BRAVIA телевизор на USB хард диск. Само поставете го телевизорот да снима врз основа на електронскиот програмски водич и тој автоматски ќе ги зачува програмите за вас - дури и од HD канали. Гледајте ТВ емисии кои сте ги пропуштиле кога вам ви одговара или паузирајте ја ТВ емисијата во живо и продолжете од онаму каде што сте застанале.

Изберете го вашиот телевизор

  1. Најмногу продавани
  2. Изберете според големина на екран

KDL-46HX850

KDL-46HX850НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46HX750

KDL-46HX750НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • 3D и 2D
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46HX755

KDL-46HX755НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46EX650

KDL-46EX650НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Full HD
  • Странично LED осветлување

 

KDL-26EX550

Достапен во:

KDL-26EX550НОВО

  • 66 см  /  26"LCD TV
  • HD Ready
  • Странично LED осветлување

 

 
 
 
 
 

Погледнете ги сите телевизори

Од втор телевизор за во спалната соба, па сè до голем екран за уживање во 3D содржини, направете споредба и пронајдете го вистинскиот телевизор за вас.

Пребарајте ја нашата палета на телевизори

Галантерија

Пронајдете ги сите кабли, звучници и 3D очила кои ви се потребни.

Погледнете ја целосната галантерија за телевизори

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста