Чисти и елегантни линии кои го надополнуваат вашиот стил на живеење
Нашите телевизори се дизајнирани да имаат добар изглед, но и добри перформанси. Кога се вклучени, нашите телевизори прикажуваат одлична слика со остар звук и иновативни функции. Но, тие изгледаат стилски дури и кога се исклучени. Благодарение на тенките екрани, елегантно вградените системи за звук, закосувањето од шест степени и совршената комбинација од различно антирефлективно стакло и брусен алуминиум, тие додаваат чувство на стил во секој животен простор.