- На почеток
- > Сите Sony производи
- > Телевизори и домашно кино
- > Телевизори
- > Full HD LCD TVs
- > Зошто да изберете Sony?
Зошто да изберете Sony?
Вистинскиот свет пренесен во вашиот дом
60 годишно искуство во секој пикселКога го пуштивме во продажба нашиот прв Trinitron телевизор во боја во 1968 година, тој ја подигна границата за можностите на телевизорите. Оттогаш наваму, ние воведуваме подобрувања секоја година, за прв пат произведовме HD телевизори во далечната 1990 година и го создадовме првиот OLED телевизор во 2007 година. Истото важи и за нашите најнови телевизори. Тие знаат кои содржини ги гледате, точно знаат како да ги направат поостри, почисти и пореалистични и знаат како да ги направат динамичните сцени порамномерни и полесни за следење. Дознајте повеќе за квалитетот на сликата
|
|
Филмови + музика + апликации = забаваТоа што ќе замислите, најверојатно и ќе го пронајдете со Sony Internet TV. Најновите холивудски филмски хитови, можеби класичен анимиран филм од вашето детство или песна која сте ја слушнале на радио. Сето тоа е достапно со допир на едно копче благодарение на Sony Internet TV. Пристапете до вашата омилена музика, филмови, веб-сајтови, интернет телевизија и апликации, секогаш кога ќе посакате. Тоа е забава, на барање. Дознајте за Sony Internet TV и можностите за поврзување
|
|
Впечатлив дизајнИзберете телевизор кој е изработен да изгледа прекрасно во вашата дневна соба, со прави линии во црна боја и брусен алуминиум. Изберете телевизор кој го одразува вашиот стил и внесува чувство на пространост и леснотија во секоја просторија, дури и кога е исклучен. Дознајте за дизајнот на телевизорите
|
|
Повеќе забава за помалку енергијаНашите најнови телевизори го задржуваат високото ниво на квалитет и покрај тоа што ја намалуваат потрошувачката на енергија. Потрошувачката на енергија се намалува за 30%* само преку оптимизирање на осветлувањето и светлината на екранот, со цел да бидат соодветни за содржините што ги гледате. Ваквите функции им овозможуваат на повеќето наши нови телевизори да добијат ознака EU Energy Star со оценка А или повисока, според ЕУ стандардите за оценување на класата за ефикасност, а вам випомагаат да заштедите енергија додека гледате. Дознајте за енергетски ефикасните телевизори
|
|




