Кои се новостите?

 

Благодарение на 50-годишната иновација и искуство кои сме ги стекнале, разликата кај нашите најнови телевизори ќе ја забележите и почувствувате веднаш штом ги вклучите и започнете да уживате во сликата. Во нив вградивме интелигентна технологија која овозможува пореалистични бои со посуптилни тонови и сенки. Почувствувајте ја природата со сцените од шуми со природни, осветлени бои и текстури. А кога станува збор за спорт, рамномерната и подетална слика ќе ви овозможи да видите колку навистина е вешт вашиот омилен спортист.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

KDL-55HX850

KDL-55HX850НОВО

  • 139 см  /  55"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-46HX850

KDL-46HX850НОВО

  • 117 см  /  46"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

KDL-40HX850

KDL-40HX850НОВО

  • 102 см  /  40"LCD TV
  • Dynamic Edge LED

 

 
 
 
 
 
Детални, реалистични слики со серијата на телевизори HX85

Слика која е неверојатно реалистична

Поинтелигентна од просечните телевизори, серијата HX85 со X-Reality PRO знае што гледате, од каде се содржините, па дури и што се прикажува на екранот во секој момент – а потоа ја прави сликата порамномерна, појасна и подетална. Па доколку гледате интернет телевизија, таа ќе го прилагоди сигналот со цел да го намали треперењето и да додаде порамномерни контури за да се добие пореалистичен приказ. Тоа е особено добро за 3D филмови и телевизија, бидејќи далечните предмети не ги губат своите детали.

Динамичните случувања изгледаат рамномерно со Motionflow XR 800Hz

Почувствувајте го движењето

Кога се играат продолженија на натпреварите и има сè повеќе случувања кои стануваат сè побрзи, серијата HX85 со Motionflow XR 800Hz* ќе се погрижи да ги видите сите потези во моментот додека се случуваат. Таа го зголемува бројот на слики кои ги гледаат вашите очи во секоја секунда при што создава порамномерна, поприродна ТВ слика. Технологијата Motionflow XR 800Hz создава нови кадри и ги вметнува помеѓу оригиналните кадри.

Таа работи заедно со LED задното осветлување со треперење која селективно ги затемнува хоризонталните ленти на задното осветлување на панелот на брз и последователен начин, така што вашите очи јасно ќе го гледаат секој кадар – без заматување или несакани ефекти. На тој начин, без разлика колку брзо се одвива натпреварот, вие ќе можете да го видите секој удар, шут или свиок со совршена јасност.

LED екрани со природна слика со висок контраст

Контраст, таму каде што е најпотребен

Од темнината во зимските ноќи, па сè до најсветлиот сончев ден, технологијата за локално затемнување кај нашите најнови LED екрани ви овозможува да ја погледнете секоја сцена онака како што ја замислил режисерот. Таа ја контролира светлината на задното осветлување во индивидуални делови од сликата, оставајќи ги темните делови неосветлени, а светлите делови осветлени, за да создаде прецизна и непроменета осветленост низ целиот екран, истовремено прикажувајќи остра, реалистична слика во секој момент.

Погледнете ги лицата појасно со X-Reality PRO

Погледнете посветла насмевка

Погледнете го лицето до вас. Исполнето е со суптилни тонови, текстури и бои кои многу телевизори едноставно не можат да ги прикажат. Серијата HX85 со X-Reality PRO содржи и технологија за препознавање на лица која знае дали на екранот има некое лице. Интелигентната обработка ги прави тоновите и текстурите на кожата да изгледаат поприродни и пореалистични. Повеќе нема да добивате лица од цртани филмови, само природни насмевки и блескави очи.

Телевизор со стилски дизајн

Нов изглед, стилски слики

Не задоволувајте се се стилот од минатата сезона. Ние го подобривме дизајнот на серијата HX85 со нов Monolithic Design кој е елегантен, тенок и стилски. Сè што ќе видите е екранот. Со дискретна рамка од брусен алуминиум, телевизорот е поставен на нов држач и изгледа како да лебди во воздухот. Згора на тоа, држачот има вградени звучници кои ќе ви понудат богати и еднакви тонови низ целата просторија.

Фаќајте и префрлувајте слики и видео снимки

Повеќе дружење, повеќе поврзување, повеќе забава

Споделувањето на работите кои ги сакате е забавно, па затоа ги опремивме нашите телевизори со функции кои ќе ви помогнат да го направите токму тоа. Ако гледате видео снимка или прегледувате веб-страница на вашиот Smartphone уред, истата ќе можете да ја префрлите само со движење на вашиот прст на големиот екран на вашиот ТВ – или да ги земете содржините кои ги гледате со вас на вашиот телефон. Пронајдете ги сите омилени ТВ емисии и филмови на интернет и разговарајте за нив со пријателите и семејството преку апликациите Skype®, Twitter и Facebook кои се достапни преку Sony Entertainment Network.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

*За разлика од стандардните пресметки за обновување на панелот, Motionflow XR го пресметува квалитетот на сликата преку комбинирање на следните елементи: номинална стапка на обновување на екранот, интелигентни средни стапки на сликата и подобра контрола на LED задното осветлување.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста