Blu-ray и DVD системи за домашно кино

 

Компактни, стилски и опремени со многу функции, нашите "сè-во-едно" системи за домашно кино се составени од звучници, ресивери и или Blu-ray Disc™ и DVD плеер или само DVD плеер, обединувајќи го квалитетот на звукот и сликата на одделните компоненти на домашното кино во моќен и единствен уред. Уживајте во High Definition и 3D* филмови на Blu-ray Disc™ со неверојатен опкружувачки звук, со помош на палетата на дополнителни функции како поврзување на мрежа и Wi-Fi®, како и безжичните задни звучници.

*Потребен е 3D телевизор

Изберете систем за домашно кино

  1. Најмногу продавани
  2. Системи со Blu-ray Disc™ / DVD плеер
  3. Системи со DVD плеер

BDV-E780W

BDV-E780W

Уживајте во 3D домашно кино со проследување на интернет без кабли

BRAVIA Internet Video, 3D, вграден Wi-Fi®, безжични задни звучници, 2x HDMI® влезови, iPod / iPhone држач

 

BDV-E280

BDV-E280

Домашно кино со едноставно поставување, проследување од интернет и 3D репродукција

BRAVIA Internet Video, 3D, 2x HDMI® влезови, iPod / iPhone држач, 4x сателитски звучници, 1000W

 

DAV-TZ135

DAV-TZ135

Систем за опкружувачки звук кој едноставно се користи со речиси HD слика

HDMI®, BRAVIA Sync, USB, 5.1-кан. опкружувачки звук, 350W, FM радио

 

BDV-IZ1000W

BDV-IZ1000W

Целосно 3D кино доживување со неверојатно тенки и заоблени звучници во домот

3D опкр.звук, 1000W, безжични задни звучници, BRAVIA® Internet Video, 2xHDMI®, DLNA, авт.калибрација

 

 
 
 
 
 
Системи за домашно кино со зголемување на резолуцијата на видео записи

Репродуцирајте Blu-ray Disc™ и DVD дискови на истиот систем

Уживајте во најновите High Definition филмови на вашиот систем за домашно кино со Blu-ray Disc™, но не заборавајте ја вашата DVD колекција. Ќе имате можност да уживате во сите ваши DVD дискови преку Blu-ray Disc™ плеерот, а бидејќи нашите Blu-ray Disc™ плеери ја зголемуваат резолуцијата на сликата и звукот од DVD дисковите, ќе можете да видите сè, појасно и поостро од кога било досега.

Проследувајте HD содржини од интернет

Проследувајте онлајн видео содржини

Нашите системи за домашно кино се изработени за поврзување на интернет, каде што ќе можете да уживате во најразлични онлајн содржини, како ТВ емисии, проследување на музика и филмови од канали како YouTube™, Eurosport и многу повеќе.

Домашно кино со брзо поставување на звук

Пронајдете го совршениот систем набрзина

Поставете совршено аудио опкружување, со допир на едно копче. Автоматската калибрација на звучници користи вграден микрофон за автоматско конфигурирање на звучниците, без разлика од формата или големината на просторијата или местото на кое се поставени звучниците. Потоа изберете некое од однапред поставените аудио опкружувања. На пример, во спортскиот режим вревата од толпата Ве опкружува додека гласот на водителот е јасен и остар, што Ве става во средина на случувањата.

Дознајте повеќе за брзото поставување

Квалитетни

Сигурен квалитет на изработка

Нашите системи се изработени за долготрајна употреба и внимателно се дизајнирани и тестирани за да ги обезбедат истите импресивни перформанси секој ден. Сè е составено со високо ниво на професионалност која може да се очекува од Sony, почнувајќи од контроли чувствителни на допир и LED екрани па сè до звучници со магнетна заштита (за намалување на избличувањата од вашиот ТВ).

Безжични звучници за домашно кино

Безжични задни звучници кои не создаваат неред

Доколку сакате да додадете дополнителни звучници за побогат и живописен звук, но не сакате да ставате кабли низ дневната соба, безжичните звучници претставуваат едноставно и стилско решение. Изберете систем со безжични задни звучници и поставете каде што сакате за да добиете онаков звук каков што посакувате.

Дознајте повеќе за безжичните звучници

Legend of the Guardians: The Owls of Ga’hoole © Warner Bros. Entertainment Inc. Сите права се задржани.
The Green Hornet” © 2011 Columbia Pictures Industries, Inc. Логото The Green Hornet, поврзаните ликови и логото hornet TM & © 2011 The Green Hornet, Inc. Сите права се задржани.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста