1. На почеток
  2. Home Cinema systems from Sony
  3. Дел за сопственици и поддршка
 

Дел за сопственици и поддршка

 

Сакате ли да знаете повеќе за поставување и користење на домашното кино? Ние ви понудивме одговори на некои од често поставуваните прашања за да ви помогнеме да извлечете максимум од вашиот систем за домашно кино од Sony.

Дали мојата соба е соодветна за домашно кино?

Секоја соба е соодветна за домашно кино. Можеби ќе треба да изберете поинаков систем во зависност од нејзината големина. Ако собата е мала, најдобро би било да користите 2.1 канали, додека во голема соба најсоодветен би бил системот со 5.1 или 7.1 звучници. Премногу голи површини во собата (празни ѕидови, големи прозорци, дрвени подови, итн.) може да го направат звукот силен или заморен. За среќа, креветите, завесите и ќилимите се одлични за прекршување на одблесоците и ефектите на резонансата, како и полни полици со книги и ѕидни теписи.

Назад кон врвот

Колку трае гаранција на производи за домашно кино?

Сите наши производи за домашно кино се испорачуваат со гаранција од една година. Сите производи се фино изработени и многу ретко се расипуваат. Токму заради оваа причина може да ви понудиме толку долга гаранција.

Назад кон врвот

За колку време се поставува систем за домашно кино?

За поставување на еден од нашите едноствни пакети со домашно кино се потребни само 15 минути. Едноставните пакети имаат кабли кодирани по боја за едноставно поврзување и може автоматски да ги калибрирате звучниците на оптимални перформанси за неколку минути користејќи ја технологијата DCAC (автоматско калибрирање на дигитално кино).

За систем со високи перформанси потребно е подолго време за поставување и оптимизирање врз основа на вашите желби за аудио и дизајн. Ако размислувате за преуредување и криење на каблите треба да земете предвид изнајмување на квалификуван професионалец за таа работа – или да изберете безжичен систем на звучници.

Назад кон врвот

Дали се потребни дополнителни кабли за почеток?

Ако купите целосен комплет со домашно кино, каблите за звучниците ќе бидат вклучени – поврзувањето и поставувањето на вашиот систем е едноставно. Меѓутоа, за поврзување на вашиот систем за домашно кино со вашиот телевизор или проектор ќе биде потребен дополнителен кабел. Исто така, ќе биде потребен и LAN кабел за поврзување на интернет доколку вашиот систем нема Wi-Fi®. За најдобри High Definition перформанси, треба да размислите за купување на посебни кабли со добар квалитет, а ние препорачуваме HDMI® кабли за висококвалитетен пренос на звук и слика.

Назад кон врвот

Како да извлечам максимум од системот на звучници?

Внимателното позиционирање на звучниците ќе ви помогне да го добиете најдоброто можно доживување на звукот. Може да ја искористите технологијата DCAC (автоматска калибрација на дигитално кино) која е вградена во нашите системи за домашно кино за автоматски да ги калибрирате вашите звучници за најдобри перформанси, без разлика каде се сместени.

Секој звучник треба да биде колку што е можно поблиску до нивото на ушите. Оддалечете се малку од предните звучници и свртете ги кон местото за седење, колку што е можно поблиску до нивото на ушите.

Централниот звучник, кој репродуцира најголем дел од дијалозите во филмовите, треба да се постави директно над или под ТВ екранот, во зависност од положбата која е најблиску до нивото на ушите. Задните звучници треба да се постават малку зад Вас или барем да бидат на иста висина со местото на седење.

Звучниците даваат најдобар звук кога се поставени на тврда подлога. Користете држачи за звучници или носачи за на ѕид за подобрување на аудио доживувањето и не поставувајте мали звучници премногу високо во простории со висок таван. Сабвуферот може да се смести речиси насекаде, но внимавајте на аглите бидејќи звукот преминува преку ѕидови и може да биде премногу низок и моќен.

Назад кон врвот

Што да направам ако сабвуферот им пречи на соседите?

Доколку сакате гласен звук, но не сакате да ги вознемирите соседите, оддалечете го сабвуферот од ѕидовите. Некои од нашите системи за домашно кино располагаат со ноќен режим кој автоматски го прилагодува звукот. Тој ја зголемува јачината на звукот при дијалозите, а истовремено ги намалува длабоките басови. Исто така, може рачно да ги промените различните аудио нивоа за да го оптимизирате звукот. Или пак, поканете ги соседите кај вас да го погледнете филмот заедно!

Назад кон врвот

Дали домашното кино нуди звук во повеќе простории?

Да, можно е да се постават звучници во други соби и да се репродуцира музика и радио во вашата кујна или спална на пример.

Назад кон врвот

Што можам да поврзам на системот за домашно кино?

Поврзете Blu-ray Disc™ плеер за целосно Full HD аудио доживување или DVD плеер за да ги репродуцирате вашите филмови со опкружувачки звук. Запомнете, нашите системи за домашно кино ќе ја зголемат резолуцијата на DVD филмовите до речиси HD квалитет. Исто така, може да поврзете широк опсег на преносливи музички уреди и да уживате во вашите компресирани музички фајлови со прекрасен дигитален звук. Повеќето системи имаат HDMI® влезови, па затоа може да додадете конзола за игри на системот. Или, пак, додадете CD или аудио плеер за да добиете Hi-Fi звук.

А пак, со DLNA компатибилен ресивер од Sony, ќе можете да поставите мрежа за домашна забава и да проследувате музика, фотографии и филмови од други уреди во вашиот дом.

Назад кон врвот

Дали домашното кино може да работи со HD телевизор?

За да добиете слика и звук со најдобар квалитет од вашите HD канали од дигиталните, сателитските или кабелските преноси, може ќе биде потребно да го поврзете вашиот HD set-top box приемник со вашиот ресивер со HDMI® кабел. За звук без пречки треба да користите оптички дигитален кабел или HDMI® кабел.

Назад кон врвот

Дали можам да контролирам уреди со еден управувач?

BRAVIA Sync ви овозможува да го контролирате целиот систем за домашно кино со користење на само едно копче на еден далечински управувач. Па ако сакате да гледате филм, сè што треба да направите е да притиснете "Репродуцирај" и BRAVIA Sync автоматски ќе ги вклучи сите уреди од домашното кино и фино ќе ги прилагоди нивните аудио и видео поставувања. Исто така, може да контролирате и други уреди со BRAVIA Sync како што се BRAVIA телевизори, Blu-ray Disc™ плеери, па дури и Handycam® видео камери.

Назад кон врвот

Можам ли да играм игри преку домашното кино?

Да, апсолутно. Играњето игри на голем екран со опкружувачки звук претставува навистина извонредно доживување. Нашите системи за домашно кино и проектори за домашно кино се поставени да работат беспрекорно со конзоли за игри како PLAYSTATION®3. Кај системите за домашно кино со Blu-ray Disc™, поставувањето се врши едноставно со еден кабел преку HDMI® приклучокот. Другите системи можат да обезбедат повеќеканален опкружувачки звук со оптички кабел.

Назад кон врвот

Помош и често поставувани прашања за системите за домашно кино

Поддршка за домашно кино

Дали барате повеќе информации? Посетете ја страницата за поддршка за домашно кино за повеќе детали за решавање на проблемите, упатства, ажурирања и надградби на firmware.

Добијте одговори во делот за поддршка за домашно кино

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста