Изберете безжично поврзување и откријте нов свет на забава
Сè повеќе модели од нашите системи за домашно кино имаат вграден Wi-Fi®, за да можете да откривате, уживате и споделувате повеќе филмови, музика и фотографии. Влезете во возбудливиот свет на забава со Sony Entertainment Network, која нуди интернет телевизија, онлајн видео содржини со канали како YouTube™, филмови на барање, музика, спорт, 3D содржини и многу повеќе. Додека гледате или слушате, дознајте корисни информации како името на песната која се репродуцира или детални информации за некој филм – сето тоа само со едно притиснување на копче.
Можете дури и да споделувате од Smartphone уред или Sony Tablet со едноставно "префрлување" на филмови, фотографии и музика на вашиот телевизор – само притиснете ја иконата за "префрлување" на екранот на допир од вашиот уред и погледнете како содржината ќе се појави на вашиот ТВ екран. Ако сите ваши медиумски фајлови се на вашиот PC, не грижете се, ќе можете на едноставен начин да пристапите до вашите медиумски фајлови директно од вашиот PC преку Blu-ray Disc™ системот за домашно кино, за да ги репродуцирате на големиот екран. Нашите системи за домашно кино нудат реалистичност и стануваат уште поголем извор на забава.