Интервју за MDR-Z1000

 
 

MDR-Z1000: дизјнирани за професионалци

Зборуваме со дизајнерите на нашите нови иновативни слушалки за мониторинг за секојдневна употреба.

Запознајте се со Naotaka Tsunoda

Дел од тимот кој стои зад новите MDR-Z1000, Naotaka Tsunoda успеа да создаде модел за мониторинг во студија за професионалците, приближувајќи се еден чекор поблиску до оригиналниот звук. Ние Ви ја нудиме приказната за создавањето.

Нашите водечки професионални слушалки

Новинарот: Најпрво, би сакал да Ве запрашам за концептот на MDR-Z1000 и нивното пласирање во палетата на производи.

Naotaka Tsunoda: Сите слушалки во палетата на слушалки од Sony најчесто припаѓаат на една од двете категории за мониторинг или слушање преку HiFi. MDR-Z1000 се создадени да бидат водечки модел за мониторинг во студија кој ги задоволува потребите дури и на професионалните музичари.

Во потрага по “оригинален звук”

Новинарот: Значи ако MDR-Z1000 се слушалки кои се соодветни за професионална употреба и репродуцираат звук со висока веродостојност на оригиналниот звук, дали може да констатираме дека вршат репродукција на најдобар звук и за секојдневнте корисници кои слушаат музика?

Naotaka Tsunoda: Вистина е дека репродукцијата на оригинален звук е подеднакво важен како и основата за добивање на одличен звук, но постојат различни сфаќања на коцептот за "оригинален звук."

Едноставно премногу добри за јавноста?

Новинарот: Дали слушалките од видот за мониторинг не се соодветни за секојдневните корисници кои сакаат само да уживаат во музика во непрофесионално опкружување?

Naotaka Tsunoda: Меѓу љубителите на музика постојат многу индивидуалци кои претпочитаат звук од видот за мониторинг, кој е најблиску до звукот кој го создава изведувачот. Според овој нов производ, ја создадовме серијата ZX која е наменета за корисници кои сакаат да уживаат во звук од видот за мониторинг на понеформален начин, во "секојдневно опкружување за слушање музика”, вклучувајќи и надворешна употреба.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста