Објаснување на HD

 

High Definition ви овозможува уживање во домашната забава со неверојатен квалитет. Вие ќе добиете исклучително јасна и остра слика, со моќен звук и четири пати повеќе детали во однос на стандардната дефиниција.

HD не се однесува само на телевизорите. Вие можете да гледате Blu-ray Disc™ филмови, да уживате во игрите на вашата PLAYSTATION®3 конзола, да снимате фотографии и домашни видео содржини – сето тоа во HD

За да ви помогнете да ја разберете различната терминологија на која можете да наидете, составивме корисен речник на поими. Дознајте ја разилката помеѓу HD Ready и Full HD и откријте што е она што го прави HD звукот толку посебен.

 

HD Ready

се одликува со минимална резолуција од 720 линии при прикажувањето на High Definition содржини. Можно е прифаќање на HD видео форматите 720p и 1080i, но не е можно прикажување на полната резолуција од напредните 1080p извори.

HD Ready 1080p или ‘Full HD’

нуди најдобра можна HD слика благодарение на резолуцијата од 1920 x 1080 точки. 1080i и 1080p содржините се прикажуваат без изобличување, што значи дека ќе можете целосно да се задлабочите во настаните.

HDTV

вклучува вграден дигитален приемник, така што вие ќе можете да примате и прикажувате HD содржини на вашиот телевизор.

HDTV 1080p

е иста со HDTV, но овозможува прикажување на full HD резолуција со 1920 x 1080 точки, како и 24p содржини.

Sony Gold Full HD
1920 x 1080 HD снимање

Sony Gold Full HD

значи дека вашиот телевизор ќе можете да го поврзете со Handycam®, Cyber-shot™, Blu-ray Disc™™ плеер или PLAYSTATION®3 за добивање на комплетен Full HD систем.

1920 x 1080 HD снимање

ви овозможува снимање на содржини со Full HD квалитет со помош на вашата Handycam® камера кои потоа можете да ги погледнете на High Definition телевизор со широк екран, задржувајќи ја истата неверојатна јасност и извонредни детали.

PhotoTV HD

PhotoTV HD

овозможува прикажување на исклучителни бои, одличен контраст и врвни детали, кои се специјално оптимизирани за вашиот BRAVIA Full HD телевизор. Поврзете го вашиот Cyber-shot™ со компатибилен BRAVIA High Definition телевизор и уживајте во неверојатно реалистичните фотографии.

Сакате да дознаете повеќе за HD?

Објаснување на HD звукот

Објаснување на HD звукот

Што тој всушност претставува и што го прави да биде толку посебен?

Со квалитет еквивалентен на 10 x DVD, HD звукот на Blu-ray Disc™ ќе внесе неверојатна реалистичност кај филмовите, спортот и игрите.

Откријте го моќното доживување при слушањето

Објаснување на BRAVIA 1080 wireless

Објаснување на HD безжичното поврзување

Избегнете ги каблите. Избегнете го нередот.

Кажете им збогум на бројните кабли со помош на BRAVIA 1080p wireless технологија, која ќе ви овозможи поврзување на вашите HD уреди.

Откријте ја HD безжичната технологија со BRAVIA

Blu-ray

Објаснување на Blu-ray

Поместување на HD границите подалеку од кога било досега.

Бидете и вие дел од Blu-ray Disc™ HD револуцијата за извонредно доживување на домашното кино што ќе ги надмине сите ваши очекувања.

Откријте ја HD технологијата со Blu-ray

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста