Македонија (Промена) | Професионални производи

 

Изберете помеѓу SD и HD видео камерите

 
 

Практичен водич кој ќе ви помогне да ја изберете вистинската видео камера. Доколку ја купувате вашата прва Handycam® видео камера – или ја заменувате старата видео камера – корисно е да се дознае одговорот на неколку едноставни прашања кои ќе ви помогнат да разберете што всушност ви е потребно.

High Definition (HD) видео камери?

High Definition (HD) или 1080 HD видеото нуди петпати повеќе детали – или повисока “резолуција” – во однос на слика со стандардна дефиниција.

Исто така тука е и HD Ready или 720p HD – со помала резолуција во однос на Full HD, но сепак повисока во однос на стандардната дефиниција.

Одликувајќи се со неверојатно јасна и реалистична слика со прекрасни бои, HD видео содржините можете да ги проследите на BRAVIA® телевизор, Blu-ray Disc™ плеер, PLAYSTATION®3, VAIO PC или кој било уред кој поддржува HD видео резолуција. И не заборавајте: HD содржините можете да ги гледате и на вашиот телевизор со стандардна дефиниција.

Full HD видео камерите обично чинат малку повеќе од видео камерите со стандардна дефиниција. Но вие ќе ја забележите разликата благодарение на фантастичната слика која ќе ве доближи до реалноста.

... или видео камери со стандардна дефиниција (SD)?

Стандардната дефиниција веќе долги години е вообичаениот начин на презентирање на телевизиската слика. Така доколку следите антенски ТВ преноси или филмови на DVD, вие веројатно гледате слика со стандардна дефиниција.

SD видео камерите сепак ви нудат одлична можност за снимање на јасно видео, кое ќе ви овозможи уживање во сликата на кој било телевизор по достапна цена.

High Definition (HD) High Definition (HD)
Стандардна дефиниција (SD) Стандардна дефиниција (SD)

Видео камери со флеш меморија

Извонредно мали видео камери кои се едноставни и лесни за носење. За Handycam® камерите со флеш меморија не ви се потребни дискови или ленти, така што вие нема да мора со себе да носите голема торба кога ќе треба да излезете преку викенд или навечер. Одредени модели исто така имаат и вградена внатрешна меморија, така што вие ќе можете да започнете со снимање без потреба од Memory Stick™.

По снимањето, поврзете ја вашата видео камера со флеш меморија на HD телевизор преку HDMI™ кабел, преснимете ги содржините на DVD со помош на нашиот DVDirect снимач или приклучете го малечкиот Memory Stick™ на PLAYSTATION®3, VAIO компјутер или кој било друг компатибилен производ. Вие исто така секогаш можете да се поврзете на кој било PC со помош на испорачаниот USB кабел.

Најновите видео камери со флеш меморија имаат функција за директно копирање, така што вие ќе можете да ги префрлите вашите видео снимки директно на надворешен хард диск без PC, и да ги репродуцирате на телевизор директно од вашата Handycam® камера.

Капацитет на внатрешна меморија (HD видео камери): до 26ч. Full HD на внатрешна меморија од 64GB (Handycam® CX550VE)

Капацитет на внатрешна меморија (SD видео камери): до 11ч. 55мин. на внатрешна меморија од 16GB (Handycam® SX53E/73E)

Хард диск драјв (HDD видео камери)

HDD видео камерите снимаат директно на вграден хард диск, што значи дека вие нема да мора постојано да ги менувате дисковите или лентите. Видео камерите со хард диск обично се малку поголеми од моделите со флеш меморија, но нудат големо време на снимање – до 101 час кај Handycam® камерите со огромен хард диск од 240GB.

По снимањето, ќе можете лесно да ги префрлите снимките на PC или да ги преснимите на DVD за безбедно чување и споделување. Исто така вие можете да се поврзете на HD телевизор преку HDMI™ кабел или да ја употребите функцијата за директно копирање кај најновите видео камери за префрлување на видео снимките на надворешен хард диск и директна репродукција на вашиот телевизор од вашата Handycam® камера.

Најдолго време на снимање со HDD видео камерите (High Definition): до 101ч. Full HD на 240GB HDD (Handycam® XR550VE)

Најдолго време на снимање со HDD видео камерите (стандардна дефиниција): до 91ч. 50мин. на 120GB HDD (Handycam® SR78E)