Снимете повеќе со објектив за широкоаголна конверзија
Вметнете уште повеќе во кадарот со помош на изборниот објектив за широкоаголна конверзија за вашата Handycam®. Компактен и практичен за носење, објективот за конверзија придодава уште поимпресивни широкоаголни перформанси на вашата видео камера при снимање на видео снимки и фотографии. Снимете прекрасни панорамски сцени, пејзажи и групни снимки со исклучително широко видно поле.