Споделувајте насекаде со осветлена проектирана слика
Замислете си дека можете да ги споделувате вашите видео снимки за момент со секого. Инспирацијата во Sony ни помогна да ја реализираме оваа идеја минатата година со издавање на видео камери со вграден проектор.
Оваа година ќе можете да проектирате видео снимки или слики на растојание до 2,5 метри со помош на новите подобрени вградени LED проектори.
Споделувајте видео снимки за момент, без разлика дали е ден или ноќ, со јасни, осветлени детали со 15 лумени благодарение на проекторот, без разлика дали пешачите низ Амазон, го разгледувате Таџ Махал или седите на плажа со семејството.
Внесете реалистичност во сцената со помош на моќните вградени звучници или додадете го нашиот нов пренослив звучник на приклучување со звук од 360° за да добиете уште поневеројатно аудио доживување без разлика каде се наоѓате. Исто како насекаде да носите мини кино со вас.