Споделувајте спомени насекаде

Споделувањето на вашите видео снимки со пријателите може да биде подеднакво забавно како и нивното снимање – а благодарение на Handycam®, не може да биде поедноставно. Неколку модели се одликуваат дури и со вградени проектори со кои може да започнете да го прикажувате снимениот материјал за момент.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Видео камери со вграден проектор

Светот претставува ваша кино сала

Понудете им филмска претстава на вашите пријатели и семејството. Handycam® видео камерите со вграден проектор овозможуваат проектирање на омилените моменти на ѕид, врата од гаражата, таванот… секаде каде што ќе посакате.

Со осветлување до 20 лумени и без користење на дополнителен кабел, ќе бидете подготвени да ги прикажете вашите видео снимки во секое време, на секое место.

Откријте повеќе за вградените проектори

Видео камерите со проектор се одликуваат со вградени моќни звучници

Ослободете го звукот

Без разлика дали ги проектирате вашите видео снимки во дневната соба или во природа на отворено, вие и вашата публика ќе уживате во целосен и богат звук, бидејќи сите видео камери Handycam® со проектор се одликуваат со вградени моќни стерео звучници со добро познатата технологија S-Master дигитален засилувач од Sony. Не пропуштајте го најдобриот звук за вашиот живот.

Видео камери со GPS уред од Sony

Локација, локација, локација

Дали ја снимивме оваа видео снимка во Мозамбик? Или преминавме во Јужна Африка? Со HD видео камерите Handycam® никогаш повеќе нема да треба да ја погодувате локацијата, благодарение на вградениот GPS уред кој ја означува секоја видео снимка со време и местото во кое била снимена.

Дознајте повеќе за GPS уредот

Едноставно споделување на видео снимки со PlayMemories™

Не оставајте ги спомените во заборав

Што ќе правите откако ќе завршите со снимањето на вашето ремек дело? Софтверот PlayMemories™ ќе ви помогне да ги организирате и уредите вашите колекции од видео снимки и фотографии. Ќе можете да пронаоѓате видео записи и фотографии за неколку секунди и да ги подредувате фајловите по лице или датум. Или, пак, користете ги брзите опции за испраќање на фајлови преку e-mail пораки до пријателите или вчитајте ги фајловите на едноставен начин на YouTube™, Flickr™ или Facebook™.

Дознајте повеќе за PlayMemories™

Едноставно архивирање на видео снимки со Handycam®

Чувајте ги спомените на безбедно

Спомените се непроценливи, па затоа архивирањето на вашите видео снимки е важно и ослободува простор на вашата видео камера. Со функцијата за директно копирање на Handycam®, лесно ќе можете да ги копирате вашите видео снимки директно на надворешен хард диск (HDD) – само поврзете го преку изборниот USB кабел со адаптер.

Исто така, вградениот USB кабел може да го користите за поврзување со PC за да ги архивирате видео снимките, да ги вчитате на интернет или да ја полните вашата видео камера.

Изберете ја вашата Handycam® камера

  1. Вградени проектори
  2. GPS
  3. Вграден USB

HDR-PJ10E

HDR-PJ10E

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 16GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 3,3Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ30VE

HDR-PJ30VE

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 32GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 7,1Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ50VE

HDR-PJ50VE

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 220GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 7,1Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ740VE

HDR-PJ740VE

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 32GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 24,1Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ580VE

HDR-PJ580VE

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 32GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 20,4Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ260VE

HDR-PJ260VE

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Внатрешна меморија
  • 16GBВнатрешен капацитет за снимање
  • 8,9Милиони точкирезолуција на фотографии

 

HDR-PJ200E

HDR-PJ200E

  • High Definition 1080, AVCHD
  • Memory Stick™
  • 5,3Милиони точкирезолуција на фотографии

 

 
 
 
 
 

На кој начин Handycam® камерите ви нудат повеќе

Снимање видео снимки со врвни детали со Handycam®
Снимање видео снимки без напор со Handycam®

Снимајте видео снимки со повеќе детали

Handycam® камерите се опремени со интелигентни функции кои ќе ви помогнат да вметнете повеќе содржини во секој кадар.

На кој начин Handycam® камерите ви помагаат да снимите повеќе

Снимајте во секакви услови – без грижа

Палетата на интелигентни технологии се погрижува да добиете одлични резултати, без оглед на условите.

Прочитајте повеќе за снимањето без грижи

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста