Македонија (Промена) | Професионални производи

 

DVD плеери

 
 

Извлечете максимум од вашата збирка на филмови со помош на елегантните и стилски DVD плеери кои овозможуваат 1080p зголемување на резолуцијата преку HDMI™.

Исто така ќе добиете пристап до филмови, фотографии и музика од USB уреди.

Погледнете ги сите DVD плеери

Дознајте повеќе за DVD плеерите

Уживајте во HD квалитетот преку HDMI™

Поврзете се преку HDMI™ на компатибилен HD ready телевизор и функцијата Precision Cinema Progressive™ ќе ви овозможи автоматско зголемување на резолуцијата на видео сигналот во приближен HD квалитет – без оглед на изворот. Ќе се чувствувате како да сте дел од играта или филмот.

Контрола со едно притиснување на копче преку Bravia Sync

Контролирајте го комплетниот систем за домашно кино со само едно притиснување на копчето за репродукција на далечинскиот управувач од телевизорот. Користете HDMI™ со CEC за поврзување на уредите со BRAVIA Sync функција и ќе овозможите автоматско вклучување и прилагодување на телевизорот, системот за опкружувачки звук и DVD плеерот од едно место.

Пристап до филмови, музика и фотографии преку USB

Пристапете до различните видови содржини скалдирани на USB уредите. Споделете ги JPEG сликите со семејството и пријателите, слушајте ги омилените MP3 песни или гледајте DivX® филмови преку USB приклучокот директно на вашиот телевизор. Оваа функција ви нуди поголема флексибилност за уживање во содржините од различни формати.

Погледнете ги сите DVD плеери

Забелешка: точните карактеристики се менуваат во зависност од моделот. Ве молиме проверете ги спецификациите на производот за повеќе детали.