Технологија на провидно огледало од Sony

 

Технологијата на провидно огледало од Sony ви овозможува да ги снимите случувањата со извонредно брз и прецизен автоматски фокус со откривање на фаза, без разлика дали снимате фотографии или Full HD видео снимки. Уживајте при прегледувањето на сликите преку јасниот и осветлен Tru-Finder™ или LCD екранот.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

  1. 1 Провидно огледало За разлика од традиционалните DSLR фото апарати, нема потреба од подигнување или спуштање на огледалото. Оваа иновација овозможува неверојатно брзо континуирано фотографирање со извонредна брзина до 12 fps.
  2. 2 AF сензор Светлината се рефлектира од провидното огледало до посебен AF сензор. Ова овозможува постојан автоматски фокус со голема брзина, откривање на фаза и непрекинат преглед во живо при снимање на фотографии и видео снимки
  3. 3 Сензор за слика Со резолуцијата до 24,3 милиони точки, големиот Exmor™ APS HD CMOS сензор користи напреден дизајн за мал шум. Вие ќе може да уживате во врвниот квалитет на сликата кај фотографиите и Full HD видео снимките.
  4. 4 OLED Tru-Finder™ Обликувајте, фокусирајте и прегледувајте ги снимките без да ги тргнувате очите од OLED Tru-Finder™ визирот. Со XGA резолуцијата и извонредно високиот контраст, плус покриеноста на сликата од 100%, овој визир може да се споредува со оптичките визири со професионален квалитет.

Технологијата на провидно огледало ја добива наградата TIPA 2011

Технологијата на провидно огледало беше именувана како "најдобра иновација за обработка на слика" на овогодинешните престижни TIPA награди. Жирито за доделување награди на водечката европска фотографска индустрија им оддаде признание на SLT фото апаратите од Sony за нивниот автоматски фокус со голема брзина и откривање на фаза, перформансите за секвенцијално фотографирање и компактната големина.

Задржете го фокусот на случувањата

  • Не пропуштајте ги случувањата: задржете ја изостреноста и јасноста на вашиот објект со брзиот континуиран автоматски фокус со откривање на фазата
  • Одржувајте прецизен фокус со следење кај подвижните објекти за време на снимањето на Full HD видео или фотографии
  • Задржете ја фокусираноста кај подвижните портрети со автоматскиот фокус со следење на објекти
  • Вршете ги критичните прилагодувања на фокусот на осветлениот OLED Tru-Finder™ визир со висок контраст

Full HD видео снимки на едноставен начин

  • Притиснете копче и снимајте Full HD видео записи
  • Имајте ги подвижните објекти во остар фокус со Full HD со брз AF
  • Погледнете го вашиот објект на екранот при снимање на видео запис
  • Направете ефекти за дефокусирање на позадината со помош на вашата колекција од заменливи објективи

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Највисок квалитет на сликата досега

  • Снимајте прекрасни слики со Exmor APS HD CMOS сензорот со највисока резолуција на светот* од 24,3 ефективни милиони точки
  • Доживејте го нискиот шум на слика и опсегот на висока чувствителност со подобрениот BIONZ процесор
  • Уживајте во острите рачно направени снимки со помош на SteadyShot INSIDE


*Помеѓу фото апаратите со заменливи објективи со сензор со APS-C големина, за 24 август 2011 година

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

OLED Tru-Finder™

  • Обликувајте, фокусирајте и прегледувајте ги снимките без да ги тргнувате очите од OLED Tru-Finder™ визирот
  • Проценете ги најситните детали и фокусираноста со помош на многу високата XGA резолуција (2359k точки)
  • Гледајте слика со висок контраст со покриеност од 100% и широко видно поле кои може да се споредуваат со оптичките визири со професионален квалитет
  • Погледнете ја зумирана централната област од сензорот за слика и снимете ја како фотографија од 12 милиони точки
  • Погледнете ги деталните информации за снимањето со приказите со можност за избор

SLT овозможува постојано откривање со брз автоматски фокус

Технологијата на провидно огледало ви овозможува да ја задржите фокусираноста на подвижните објекти, дури и при снимањето на серија слики со голема брзина. Кај SLT фото апаратите од Sony извршено е отстранување на подвижното огледало кое е застапено кај конвенционалните DSLR фото апарати. Наместо тоа, дел од светлината која навлегува во фото апаратот континуирано паѓа на наменски сензор со автоматски фокус со откривање на фазата. Во секаква прилика вие ќе добиете врвни резултати со изострен фокус, без разлика дали снимате фотографии или видео записи.

Со технологијата на провидно огледало: непрекинато автоматско фокусирање со следење и со одличен одзив, дури и кај фотографирањето во серија кај подвижните објекти.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Со конвенционалната DSLR технологија: механизмот на подвижно огледало ја ограничува брзината на автоматско фокусирање за време на брзото снимање

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
 

Не го најдовте тоа што го барате?

Погледнете ги овие дополнителни написи поврзани со фото апаратите (SLT) со провидно огледало и DSLR.

 

Новости

Други веб-сајтови