Неверојатен Sony квалитет на слика

 
 

Секој Sony дигитален SLR фото апарат е прецизен инструмент, способен за создавање извонредни слики. Дознајте на кој начин иновациите како Автоматски HDR, Оптимизатор на D-опсег, Exmor CMOS сензор, BIONZ процесор и SteadyShot INSIDE можат да му помогнат на секој фотограф да снима подобри слики.

Резултати со Автоматски HDR

Резултати со Оптимизатор на D-опсег

Автоматски HDR

Отсега Sony ви овозможува лесно снимање на широк опсег на детали од светлите и темните делови во дадена сцена.

Во режимот на Автоматски HDR (висок динамички опсег) се врши снимање на две слики со различни вредности на експозиција, по што сликите се спојуваат за добивање на една HDR слика, која изобилува со неверојатни детали. Најдобро од сè, не ви е потребен PC ниту специјални познавања за да добиете извонредни резултати.

Разгледајте го A550 со Автоматски HDR

Оптимизатор на D-опсег

Системите за мерење кај фото апаратите можат да имаат проблеми со незгодните објекти кои истовремено вклучуваат многу светли и темни делови. 

Оптимизатор на D опсег кај вашиот Sony DSLR фото апарат врши анализа на секоја сцена, прилагодувајќи ги вредностите на експозицијата за одлично избалансирани снимки со богати сенки и јасни, природни детали во светлите подрачја.

Разгледајте ги сите DSLR фото апарати

Срцето на вашиот DSLR фото апарат

Светлината која поминува низ објективот паѓа на CCD или Exmor CMOS сензорот во внатрешноста на DSLR фото апаратот, создавајќи мали електрични сигнали кои се претворуваат во дигитални информации. Овие дигитални податоци се пречистуваат и оптимизираат со помош на моќниот BIONZ процесор на слика и софистицирани алгоритми за намалување на шум. Резултатот? Беспрекорни слики со низок шум, кои изобилуваат со прекрасни бои и детали со најсуптилни тонови.

CCD сензор

Вршите префрлување од вашиот компактен фото апарат кон DSLR фотографирање? Вие ќе бидете изненадени од снимките направени со CCD сензорот со APS-C големина сместен во внатрешноста на основните модели на Sony фото апарати.

Откријте ја неверојатната јасност, дури и кога фотографиите се зголемени до A3 големина за печатење.

Запознајте се со основните модели на DSLR фото апарати

Exmor™ CMOS сензор

Зачекорете во еден нов свет на квалитетна слика, со природни бои и текстури.

Работејќи заедно со моќниот BIONZ процесор, Exmor CMOS сензорот обезбедува слики со неверојатно мал шум, дури и кај снимањето при мала осветленост.

Запознајте се со напредните DSLR фото апарати

Exmor™ CMOS сензор со целосна слика

Со исклучителната резолуција од 24.6 ефективни милиони точки, сензорот со целосна слика во внатрешноста на A900 и A850 снима беспрекорни слики со професионален квалитет.

Ова е совршен начин за искористување на исклучителните оптички перформанси на Sony G објективот и објективите од Carl Zeiss®.

Запознајте се со DSLR фото апаратите со целосна слика

Појасни и поостри слики со секој објектив

Тресењето на фото апаратот е една од најчестите причини за неуспешните снимки. Доколку немате статив при рака, се зголемува ризикот од заматување на снимките, особено кога фотографирате со висок зум или мала брзина на блендата. SteadyShot INSIDE ги намалува ефектите од тресењето на апаратот до четири чекори. Ова ви дава слобода за рачно снимање на остри слики речиси во секоја ситуација за фотографирање, без потреба од блиц.

SteadyShot INSIDE

Задржете ја извонредната јасност при рачното фотографирање. SteadyShot INSIDE е оптички стабилизатор на сликата во секој Sony DSLR фото апарат, кој автоматски врши компензација на ефектите од тресењето на рацете. Тој е ефикасен при сите фокусни должини и вредности на експозицијата.

Најдобро од сè, тој автоматски работи со секој компатибилен објектив за вашиот Sony DSLR фото апарат – така што нема да има потреба да инвестирате во скапа и масивна оптика за стабилизација на сликата.

Разгледајте ги сите DSLR фото апарати со SteadyShot INSIDE

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста