-
На почеток
-
>
Сите Sony производи
- > DSLR фото апарати | DSLR, NEX-5/NEX-3 дигитални фото апарати
- > Уживајте со DSLR и NEX-5/NEX-3 фото апаратите
- > Навистина едноставно користење
- > Уживајте со DSLR и NEX-5/NEX-3 фото апаратите
- > DSLR фото апарати | DSLR, NEX-5/NEX-3 дигитални фото апарати
Навистина едноставно користење
Графички екранНе е лесно да се разбере односот помеѓу решетката и брзината на блендата, особено ако сте почетник во областа на DSLR фотографирањето. Основните модели на фото апарати се одликуваат со интуитивен графички екран кој ќе ви покаже како вашите параметри ќе влијаат на крајната слика. Запознајте се со забавните и едноставни основни модели на фото апарати
|
Помошен водич за користењеДобивањето неверојатни резултати е сосема едноставно, дури и ако никогаш досега не сте користеле дигитален SLR фото апарат. Завртете го вртливото копче за режим и погледнете ги ефектите на вашата избрана сцена, со дополнителна илустрирација на јасниот и живописен водич за помош на LCD екранот. Запознајте се со забавните и едноставни основни модели на фото апарати
|
|
|
|
Функција за откривање на лицеДобијте уште подобри и поприродни резултати при фотографирање на пријателите и семејството. Функцијата за откривање на лице ја отстранува макотрпната работа на избирање на совршените параметри на фото апаратот. Подобрете ги вашите портрети со функцијата за откривање на лице
|
Бленда со функција за насмевкиКажете им збогум на неприродните формални портрети. Уживајте во веселите, опуштени, спонтани снимки. Sony технологијата на бленда со функција за насмевки врши снимање на совршениот момент наместо вас. Повеќе среќни лица со блендата со функција за насмевки
|
|
|
|
LCD екран со завртување под аголДржете го високо фото апаратот за добивање на "птичја" перспектива. Фотографирајте од висина на колкот за поблиска врска со вашиот објект. Или пак спуштете се долу за да добиете различна перспектива. Големиот осветлен LCD екран со завртување под агол кај DSLR фото апаратите од Sony го олеснува обликувањето на неверојатни снимки од која било гледна точка. Разгледајте ја палетата на основни модели
|
|
|
|
Снимање со прегледување во живо со одличен одзив
Рачна проверка на фокусот при прегледување во живоОтсега ќе можете да бидете сигурни дека вашите снимки имаат извонредно остар фокус, дури и кога снимките ги прегледувате во режим на прегледување во живо. Со рачната проверка на фокусот при прегледување во живо можете да ги прилагодувате јасните осветлени слики со полна резолуција на LCD екранот со висока резолуција. Дури ќе можете да вршите и зумирање за да ги погледнете одблиску фините детали на екранот. Ова е идеално за потврдување на прецизноста на фокусот кај портретите, композициите со мртва природа и архитектонските сцени. Запознајте се со напредните DSLR фото апарати
|
|
|
|
Photo TV HD и BRAVIA SyncПоврзете се на вашиот HD телевизор и погледнете ги снимките на големиот екран, со изобилство на реалистични детали и живописни бои. Доколку имате BRAVIA™ телевизор кој е компатибилен со PhotoTV HD, вашите снимки ќе изгледаат уште подобро. BRAVIA Sync ќе ви овозможи да ги контролирате функциите за репродукција на фото апаратот преку далечинскиот управувач од BRAVIA™ телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во сликите. Разгледајте ги сите DSLR фото апарати
|
|
|
|
Снимки без дамки при секој обид
Двоен систем за заштита од правСекој Sony DSLR фото апарат располага со специјален двоен систем за заштита од прав. Кога фото апаратот ќе се исклучи, CCD или CMOS сензорот накратко се затресува, отстранувајќи ги честичките од прав кои можеби навлегле при замената на објективите. Дополнително, самиот сензор е прекриен со заштитен анти-статички слој за да се спречи таложењето на прав. Разгледајте ги сите основни модели на фото апарати
|
|
|
|



