Снимање на AVCHD Full HD видео со NEX-5

 
 

Новиот неверојатен и извонредно компактен дигитален фото апарат NEX-5 од Sony снима Full HD (1920x1080i) видео со богати детали, плус AVCHD фајлови со стерео звук за едноставно складирање и споделување. Големиот Exmor APS HD CMOS сензор во NEX-5 обезбедува врвен квалитет на видео записите. Тој овозможува и прекрасни дефокусирачки ефекти во позадина кои не може да се добијат на видеото кај обичните компактни фото апарати.

Блескаво HD видео со врвни детали на кое секогаш ќе се сеќавате

  • Снимање Full HD (1920x1080i) видео со богати детали и стерео звук (NEX-5)
  • Врвен квалитет на видео записите, дури и при слаба осветленост
  • Создадете прекрасни дефокусирачки ефекти во позадина, исто како и со DSLR фото апарат
  • Гледајте ги видео снимките на вашиот HD телевизор, или снимете ги AVCHD фајловите на диск за складирање и споделување

Ја заборавивте видео камерата? Нема проблем. Извонредно компактниот дигитален фото апарат NEX-5 снима блескаво Full HD (1920 x 1080i) видео со стерео звук, додека NEX-3 снима остро HD 720p видео. Веќе нема потреба да се справувате со менијата на фото апаратот или поставувањето на режимот – само притиснете го копчето за филм и веднаш започнете со снимање.

Неверојатно големиот Exmor APS HD CMOS сензор во NEX-5 обезбедува беспрекорни видео записи со врвни детали и богати бои, како и суптилни тонови дури и при слаба осветленост. Згора на тоа, може едноставно да создадете прекрасни дефокусирачки ефекти во позадина кои не може да се добијат со обичните компактни фото апарати со мал сензор.

NEX-5 снима Full HD видео во висококвалитетни AVCHD фајлови со кои ќе може да уживате на вашиот BRAVIA™ или кој било друг поврзан HD телевизор. Снимете ги AVCHD фајловите на Blu-ray дискови, или вчитајте ги видео снимките на вашиот PC и снимете ги на DVD диск за складирање и споделување. Или, пак, зачувајте ги видео спомените со DVDirect, снимач на дискови "без потреба од PC" од Sony кој е неверојатно едноставен за користење. NEX-3 снима HD 720p видео записи во компактни MPEG4 фајлови погодни за веб-страници – совршени за споделување на интернет.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста