-
На почеток
-
>
Сите Sony производи
- > DSLR фото апарати | DSLR, NEX-5/NEX-3 дигитални фото апарати
- > Дигитални SLR фото апарати од Sony
- > Палета на DSLR фото апарати за почетници
- > Дигитални SLR фото апарати од Sony
- > DSLR фото апарати | DSLR, NEX-5/NEX-3 дигитални фото апарати
Палета на DSLR фото апарати за почетници

My Sony:
Зачленете се сега за да добиете пристап до последните новости, ексклузивни промоции, поддршка и многу друго. Регистрирајте го вашиот производ со само неколку кликнувања.
Најава/регистрирањеСите достапни DSLR фото апарати за почетници
DSLR-A290L
- DT 18-55мм F3.5-5.6 SAM објектив
- 14,2 милиони точки
- APS-C Сензор
- 2,5 FPS
- Почетник
DSLR-A390L
- DT 18-55мм F3.5-5.6 SAM објектив
- 14,2 милиони точки
- APS-C Сензор
- 2,5 FPS
- Quick AF Live View
- Почетник
DSLR-A290Y
-
DT 18-55мм F3.5-5.6 SAM објектив
DT 55-200мм F4-5.6 SAM објектив - 14,2 милиони точки
- APS-C Сензор
- 2,5 FPS
- Почетник
DSLR-A390Y
-
DT 18-55мм F3.5-5.6 SAM објектив
DT 55-200мм F4-5.6 SAM објектив - 14,2 милиони точки
- APS-C Сензор
- 2,5 FPS
- Quick AF Live View
- Почетник
Основни модели на DSLR: создадени за одлична забава
Неверојатно едноставно користење
Нов графички екранНе е лесно да се разбере односот помеѓу решетката и брзината на блендата, особено ако сте почетник во областа на дигиталното SLR фотографирање. Како помош тука е новиот интуитивен графички екран. На него јасно ќе можете да видите како избраните параметри за експозиција ќе влијаат на крајната слика.
|
Помошен водич за користењеНикогаш досега не сте користеле DSLR фото апарат? Не плашете се: помошниот водич за користење на екранот ќе ви ги објасни постапките со јасен едноставен јазик. На располагање ви стои и избор од четири теми на екранот со различни бои за персонализирање на изгледот на Sony DSLR апаратот според вашите желби. Погледнете ги деталите за производот DSLR-A290
|
Докажана Sony технологија која ќе им помогне на сите фотографи
Quick AF Live ViewОдредени модели нудат Quick AF Live View прегледување во живо за одличен одзив и слобода при снимањето и подобро следење на настаните. Обликувајте го кадарот при секакви позиции на јасниот и осветлен LCD екран со завртување. Ќе можете да уживате во практичното прегледување на сликата во живо, плус брзо и прецизно автоматско фокусирање, дури и кај подвижните објекти.
|
SteadyShot INSIDEТресењето на фото апаратот е една од најчестите причини за неуспешните снимки. SteadyShot INSIDE ја подобрува стабилноста за поостри снимки при рачното фотографирање без блиц. Функционирањето е автоматско, при што се врши компензирање на ефектите на тресењето на рацете кога не користите статив. Бидејќи решението е вградено во внатрешноста на апаратот, користењето е можно со сите Sony DSLR објективи. Погледнете ги деталите за DSLR-A330
|
Нов ергономски дизајн
Беспрекорни снимки без присуство на прав
Уживајте во големата сликаПоврзете се на вашиот HD телевизор и погледнете ги снимките на големиот екран, со изобилство на реалистични детали и живописни бои. Доколку имате BRAVIA™ телевизор кој е компатибилен со PhotoTV HD, вашите снимки ќе изгледаат уште подобро. BRAVIA Sync ќе ви овозможи да ги контролирате функциите за репродукција на фото апаратот преку далечинскиот управувач од BRAVIA™ телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во сликите. Погледнете ги деталите за производот DSLR-A290
|
|
|
|
Оптимизатор на D-опсегСистемите за мерење кај фото апаратите можат да имаат проблеми со незгодните објекти кои истовремено вклучуваат многу светли и темни делови. Оптимизатор на D опсег врши анализа на секој дел од сцената, прилагодувајќи ја експозицијата за добивање на слики со одличен баланс, богати сенки и јасни осветлени делови.
|
МерењеМерењето на светлината кај вашиот фото апарат мора да се справи со огромен број на ситуации. Совршената експозиција лесно се постигнува благодарение на прецизниот сензор за мерење на светлината со 40 сегменти кој нуди избор помеѓу режимите за мерење во повеќе сегменти, централно или мерење во точка.
|
Интелигентен телеконверторДоближете се до објектите со едно притиснување на копче. Интелигентниот телеконвертор ви нуди моментално зголемување од 1.4x или 2x. Ова е одличен начин за исполнување на кадарот, дури и ако не користите објектив за зумирање. Можно е и користење во Quick AF Live View режим, при што се зголемува сликата за време на снимањето со прегледување во живо. Погледнете ги деталите за DSLR-A330
|
|
|
|
Неверојатен квалитет на сликата
Неверојатен квалитет на сликатаГолемиот CCD сензор од APS-C тип кај новата генерација на α прифаќа повеќе светлина во однос на компактните фото апарати од типот "насочи и фотографирај". Тој е најзаслужен за неверојатното ниво на детали и намалениот шум на сликата. Тој совршено се комбинира со моќниот BIONZ процесор на слика, обезбедувајќи реалистични бои и брз одзив при снимањето.
|
Прекрасни природни снимки, дури и при недоволна осветленостМногу компактни дигитални фото апарати имаат проблеми во услови на слаба осветленост, при што се добиваат слики со "зрнест" шум. Новата генерација на α се одликува со висока чувствителност – до ISO 3200 – со високо ISO намалување на шумот. Вие ќе можете да уживате во природните слики со врвни бои, дури и при рачното фотографирање во самрак. Погледнете ги деталите за производот DSLR-A390
|
Фото апарати и Функции |
Објективи и Галантерија |
Фотографија |


