Ресивери и звучници

 

Креирајте идеално поставување на домашното кино со Sony наградувани ресивери и звучници за домашно кино – кои се одликуваат со најновата технологија на засилувачи, на звук и на поврзување.

Пронајдете ресивери и звучници

 
Зголемување на резолуцијата на DVD дискови со HDMI™

Користете HDMI™ за згол. на рез. на DVD дискови до прибл. HD квалитет

Sony ресиверот за домашно кино претставува моќен "сè во едно" засилувач и AV процесор. Уживајте во висококвалитетен засилен звук при речиси секоја јачина на звук, користете HDMI™ приклучоци за зголемување на резолуцијата на DVD дискови до приближен HD квалитет или уживајте во Blu-ray Disc™ со прекрасен HD опкружувачки звук – без разлика каков е HD видео или аудио форматот.

Звукот се калибрира за да одговара со тој од кино салите во Холивуд

Добијте прецизна акустика и слика како во кино

Врвните ресивери од Sony вклучуваат технологија за HD дигитален кино звук за прецизно калибрирање на звукот според акустиката на врвните кино сали од Холивуд. Може автоматски да ги оптимизирате звучниците за најдобри перформанси без разлика каде се сместени и да уживате во слика со кино квалитет благодарение на интегрираните технологии како што се Deep Colour и 24p True Cinema.

Поврзете се безжично со користење на S-AIR технологија

Создадете мрежа за домашна забава со повеќе зони

Ресиверот има улога на моќен централен уред за вашата домашна забава. Поврзете ги звучниците безжично користејќи S-AIR технологија, слушајте музика од приклучен MP3 плеер или вградени дигитални радио станици, или, пак, проследувајте музика, фотографии и HD филмови користејќи DLNA мрежа. И како тоа да не е доволно, со BRAVIA Sync може да контролирате повеќе уреди од вашиот систем за домашно кино користејќи само еден далечински управувач.

Кевлар HOP звучници

Подобрете го квалитетот на звукот со кевлар HOP звучници

Најновите Sony звучници за домашно кино нудат комбинација од два навистина цврсти материјали, кевлар и HOP (Highly Oriented Polyolefin), за создавање на почист, пореален аудио излез. Додадете ги звучниците на комплет на домашно кино со Blu-ray Disc™ плеер и ќе уживате во уште поостар, детален HD опкружувачки звук.

® "WALKMAN" и логото на "WALKMAN" се  регистрирани трговски марки на Sony Corporation

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста