Помош и поддршка

 

Сакате ли да знаете повеќе за поставување и користење на домашното кино? Ние ви понудивме одговори на некои од често поставуваните прашања за да ви помогнеме да извлечете најмногу од вашиот Sony систем за домашно кино.

За домашното кино

Како Sony системот за домашно кино се споредува со ТВ звучниците?

Конвенционалните телевизори немаат доволно простор за сместување на големи звучници, така што квалитетот на звукот најчесто е слаб во споредба со системот за домашно кино. BRAVIA телевизорот со вграден Virtual Dolby® Surround и навистина моќни звучници со звучни намотки обезбедува исклучителен звук за неговата големина. Сепак, тој не може да обезбеди целосно уживање во опкружувачки звук, кој се создава со одделен ресивер и пакет звучници со повеќе канали.

Назад кон врвот

Кои се придобивките од целосен пакет на домашно кино?

Главната придобивка од целосен пакет на домашно кино е тоа што сè ќе функционира беспрекорно како целина со што ќе се обезбедат оптимални перформанси. Без разлика дали имате BRAVIA телевизор, Blu-ray Disc™ плеер, DVD плеер или HDD рекордер како дел од вашиот пакет, бидете сигурни дека тој ќе го надополни вашиот систем на звук за домашно кино. На пример, во Sony пакетот на домашно кино, ресиверот ќе ги контролира засилените нивоа на звук кои се пренесуваат преку вашите звучници и ќе спречи пукање на вашите звучници.

Назад кон врвот

Како да знам дали мојата соба е соодветна за домашно кино?

Секоја соба е потенцијално соодветна за домашно кино. Може сакате да изберете различен систем во зависност од неговата големина. Ако собата е мала, 3 звучници (2.1 канали) би биле најдобар избор, додека во поголеми соби одговара 5.1-канален или 7.1-канален систем. Премногу голи површини во собата (празни ѕидови, големи прозорци, дрвени подови, итн.) може да го направат звукот силен или заморен. За среќа, каучите, завесите и ќилимите се одлични за прекршување на одблесоците и ефектите на резонансата, како и полни полици со книги и ѕидни теписи.

Назад кон врвот

Колку трае гаранцијата за Sony производите за домашно кино?

Сите Sony производи за домашно кино имаат гаранција од една година. Сите производи се фино изработени и многу ретко се расипуваат. Токму заради оваа причина може да ви понудиме толку долга гаранција.

Назад кон врвот

Дали Sony производите за домашно кино се енергетски ефикасни?

Sony е посветен на намалувањето на емисијата на штетните гасови заради што станавме добитници на Европската награда за одржлива енергија за одличните резултати при максимизирањето на енергетската ефикасност на нашите производи. Сите Sony производи за домашно кино имаат ефикасна потрошувачка во режим на подготвеност. Но за да зачувате уште повеќе енергија, ние сепак ви препорачуваме да ги исклучите вашите производи кога не ги користите, наместо да го користите копчето за режим на подготвеност.

Назад кон врвот

Поставување на вашиот систем

Колку време е потребно да се постави Sony системот за домашно кино?

За еден од нашите едноставни пакети на домашно кино потребни се околу 15 минути за поставување. Едноставните пакети имаат обоени жици за лесно поврзуваање и може автоматски да ги калибрирате звучниците на оптимални перформанси за неколку минути користејќи ја DCAC (Digital Cinema Auto Calibration) технологијата.

За систем со високи перформанси потребно е подолго време за поставување и оптимизирање врз основа на вашите желби за аудио и дизајн. Ако размислувате за преуредување и криење на каблите треба да земете во предвид изнајмување на квалификуван професионалец за таа работа – или да изберете безжичен систем на звучници.

Назад кон врвот

Дали се потребни дополнителни кабли за почеток?

Ако купите целосен комплет на домашно кино, каблите за звучниците ќе бидат вклучени – поврзувањето и поставувањето на вашиот систем е директно. Сепак, ќе ви биде потребен кабел за поврзување на вашиот Sony систем за домашно кино со вашиот телевизор или проектор. За најдобрите high definition перформанси, ви препорачуваме HDMI™ кабли за висококвалитетен пренос на аудио и видео.

Назад кон врвот

Како да извлечам најмногу од мојот систем на звучници?

Внимателното позиционирање на звучниците ќе ви помогне во добивањето најдобро уживање во звукот. Оставете им малку простор на предните звучници и насочете ги кон главното место за седење на подеднаква оддалеченост.

Централниот звучник, кој емитува најголем дел од дијалозите во филмовите, треба да се постави директно над или под ТВ екранот. Задните звучници треба да се постават малку зад вас, или барем да бидат порамнети со местото на седење.

Звучниците даваат најдобар звук кога се поставени на тврда подлога. Користете држачи за звучници или носачи за на ѕид за подобрување на аудио доживувањето и немојте да ги поставувате малите звучници премногу високо во соба со висок таван. Сабвуферот може да го сместите речиси на кое било место, но внимавајте на аглите бидејќи звукот преминува преку ѕидови и може да биде премногу низок и моќен.

Запомнете, со користење на DCAC (Digital Cinema Auto Calibration) на Sony систем за домашно кино може автоматски да ги калибрирате вашите звучници на најдобрите перорманси без разлика каде се сместени.

Назад кон врвот

Мојата соба има чудна форма, како да добијам одличен звук?

Користете DCAC (Digital Cinema Auto Calibration) за да ги поставите идеалните параметри на вашето Sony домашно кино според типот на собата во која е инсталирано. DCAC е уникатна технологија која врши автоматско прилагодување на звучниците откривајќи ја нивната позиција во просторијата. Целиот процес ќе ви одземе помалку од една минута.

Назад кон врвот

Загрижен сум дека сабвуферот ќе ги вознемири моите соседи, што можам да направам?

IДоколку сакате гласен звук, но не сакате да ги вознемирите соседите, оддалечете го сабвуферот од ѕидовите. Некои од нашите системи за домашно кино располагаат со "ноќен режим" со кој звукот се прилагодува автоматски. Тој ја зголемува јачината на дијалозите, но истовремено ги намалува длабоките басови. Исто така, може рачно да ги промените различните аудио нивоа за да го оптимизирате звукот. Или пак, поканете ги соседите кај вас да го погледнете филмот заедно!

Назад кон врвот

Дали може да го поставам домашното кино за да добијам звук во повеќе простории?

Да, можно е да се постават звучници во други соби и да се репродуцира музика и радио во вашата кујна или спална на пример.

Назад кон врвот

Поврзување на други уреди

Кои уреди можам да ги поврзам на мојот Sony систем за домашно кино?

Поврзете Blu-ray Disc™ плеер за целосно Full HD аудио доживување или DVD плеер за да ги репродуцирате вашите филмови со опкружувачки звук. Запомнете, Sony системот за домашно кино може да ја зголемува резолуцијата на DVD филмовите до приближен HD квалитет. Исто така, може да поврзете широк опсег на преносливи музички уреди и да уживате во вашите компресирани музички фајлови со прекрасен дигитален звук. Користете го ДИГИТАЛНИОТ МЕДИУМСКИ ПРИКЛУЧОК за лесно да го поврзете вашиот MP3 плеер, мобилен телефон или PC и да ги репродуцирате вашите омилени песни – може да се поврзете и преку Bluetooth® на некои уреди.

Или, пак, со DLNA компатибилниот ресивер од Sony може да поставите мрежа за домашна забава и да проследувате музика, фотографии и филмови од други уреди во вашиот дом.

Назад кон врвот

Дали мојот систем за домашно кино ќе работи со HD телевизор?

За да гледате HD канали од дигитални, сателитски или кабелски преноси со HD опкружувачки звук може ќе биде потребно да го поврзете вашиот HD надворешен ресивер со вашиот ресивер. За звук без пречки треба да користите оптички дигитален кабел или HDMI™ кабел.

Назад кон врвот

Дали треба да користам повеќе далечински управувачи за вклучување и исклучување на поврзаните уреди?

BRAVIA Sync ви овозможува да го контролирате целиот систем за домашно кино со користење на само едно копче на еден далечински управувач. Па ако сакате да гледате филм, сè што треба да направите е да притиснете ‘Репродуцирај’ и BRAVIA Sync автоматски ќе ги вклучи сите уреди од домашното кино и фино ќе ги прилагоди нивните аудио и видео поставувања. Исто така, може да контролирате други уреди со BRAVIA Sync како што се BRAVIA телевизори, Blu-ray Disc™ плеери, па дури и Handycam® видео камери.

Назад кон врвот

Може ли да играм PLAYSTATION®3 и други игри со систем или проектор за домашно кино?

Да, апсолутно. Играњето игри на голем екран со неверојатен опкружувачки звук претставува навистина прекрасно доживување. Sony системите за домашно кино и проекторите за домашно кино се поставени да работат беспрекорно со PLAYSTATION®3.

Назад кон врвот

Кои се придобивките од додавање проектор на мојот систем за домашно кино?

Додавање проектор за домашно кино на вашиот Sony систем за домашно кино може да создаде врвно уживање при гледање филмови на голем екран во вашиот дом. Проекторот е совршен додаток за Full HD опкружувачкиот звук на вашиот систем за домашно кино и навистина ги прави реалистични големите филмски хитови и динамичните игри.

Назад кон врвот

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста