1. На почеток
  2. Домашно кино, BRAVIA Theatre : Sony
  3. Ви го претставуваме домашното кино
 

Ви го претставуваме домашното кино

 

Системот за домашно кино претставува целина од аудиовизуелни производи, фино прилагодени за репродукција на квалитетен звук како во кино во вашиот дом. Сè што е потребно е да одлучите кој пакет е вистинскиот за вас?

Квалитетен звук како во кино

Ресивер за домашно кино

Што содржи пакетот домашно кино?

Основниот Sony систем за домашно кино се состои од звучници, во кои спаѓа сабвуфер за бас звук, и ресивер, кој го засилува и репродуцира дигитално компресираниот звук со сите детали. За подобрување на домашната забава може да добиете и пакети со Blu-ray Disc™ плеери, хард диск драјв рекордери или DVD плеери со што ќе може да уживате во најновите стандарди на HD забавата.

Позиционирање на звучниците

Дали бројот на звучници внесува некаква разлика?

За да се направи реконструкција како луѓето слушаат звук, треба да ги позиционирате звучниците околу една соба и секој од нив да биде приклучен на посебен ‘канал’ за звук. Генерално, колку повеќе звучници имате, толку пореални ќе бидат звучните ефекти кои ќе ги слушнете. Каналите за звук се поставуваат на следниот начин (секоја бројка подолу го означува бројот на звучници плус сабвуфер кој е означен по децималната запирка).
2.1 – се состои од 2 предни звучника плус 1 сабвуфер. Значително подобрување на звукот од звучниците на телевизорот. Идеални за опкружувачки звук во помали простории или спални соби.
5.1 – шест канали за звук со 3 предни звучници (лев, централен и десен) и сабвуфер плус 2 задни звучници (десен и лев). Нудат одлични опкружувачки звучни ефекти.
7.1 – додадени се уште 2 звучници на 5.1, директно на левата и десната страна на слушателот. Ова е најдобриот систем за големи простории, а воедно и популарен избор за аудио ентузијастите.

Едноставно поставување на домашното кино

Колку е едноставно поставувањето и користењето на домашното кино?

Сите пакети на домашно кино едноставно се поставуваат и користат, а некои се со кабли во боја така што лесно ќе го отпакувате комплетот и ќе го поставите за неколку минути. Исто така, може автоматски да ги калибрирате звучниците на оптимални нивоа со едноставно притискање на копче користејќи ја ексклузивната DCAC технологија. Извонредната придобивка на "сè во едно" системите за домашно кино е тоа што сè ќе функционира беспрекорно како целина.

Прекрасно дизајнирани звучници

Како ќе изгледа системот за домашно кино во просторијата?

Благодарение на напредокот во иновацијата за звучници и засилувачи, сега може да се смести висококвалитетен систем за домашно кино во самиот мебел или да се обезбеди Full HD опкружувачки звук од мали и ненаметливи звучници. Без разлика дали ќе се одлучите за мали звучници со големина на топче за голф, речиси незабележлив систем со безжични звучници или, пак, прекрасно дизајнирана ТВ масичка со интегриран систем за домашно кино, секогаш ќе уживате во супериорен звук основан според најновата аудио технологија.

Проектор за домашно кино

Направете по сопствен вкус

Додадете голема филмска слика која ќе одговара на звукот од вашето домашно кино. Проекторот за домашно кино од Sony беспрекорно се поврзува со Sony системот за домашно кино за да го надополни висококвалитетното аудио. Без разлика дали барате едноставен систем или проектор со високи перформанси, може да сметате на најновата, иновативна технологија која обезбедува живописни слики со многу детали во прекрасна High Definition резолуција.

Погледнете ги проекторите

Што ви е потребно?

Пакети на домашно кино
Ресивери и звучници за домашно кино
Проектори за домашно кино

Пакети на домашно кино

Запознајте се со целсоните комплети за домашно кино скроени според вашите потреби за стил и перформанси.

Погледнете ги пакетите домашно кино

Ресивери и звучници

Креирајте идеално поставување на домашното кино со наградувани ресивери, звучници и повеќе.

Погледнете ги ресиверите и звучниците

Проектори

Со вашето домашно кино гледајте живописни слики со многу детали во прекрасна high definition резолуција.

Погледнете ги проекторите

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста