S-Frame: извонреден начин за споделување на спомените

S-Frame фото рамките ќе внесат живост во вашата збирка на дигитални снимки со врвен стил. Овие дигитални фото рамки се мошне едноставни за користење и нудат слика со висок квалитет плус практични функции како тајмер за заштеда на енергија со кој ќе можете да ги поставите S-Frame рамките да се вклучат или исклучат во времето кое ви погодува. Моделите од серијата на иновации дополнително нудат репродукција на Full HD видео со звук, голем мемориски простор, далечински управувач и широк опсег на слајд-шоу опции.

Уживајте во забавата со HD видео и звук

Серијата на S-Frame иновации нуди прекрасен приказ на сите ваши дигитални фотографии и Full HD видео снимки. Вклучен е и звучник за да можете да уживате во аудио записот на вашата видео снимка или за репродукција на MP3 музички фајлови.

Запознајте се со серијата на S-Frame иновации со HD видео

Не задржувајте ги спомените само за себе

Повеќе од само фото рамка, моделот S-Frame албуми ви овозможува да ги понесете со вас сите ваши убави фото моменти и да ги споделите во секое време. Траењето на батеријата помеѓу полнењата од 100 минути ви обезбедува доволно време за потсетување со пријателите.

Запознајте се со серијата S-Frame албуми

Врвен квалитет на слика

Врвен квалитет на слика

Моделите од серијата на иновации обезбедуваат појасни фотографии и HD видео содржини со висок контраст.

Дознајте повеќе

Спомени кои траат

Притиснете копче и испечатете прекрасни и долготрајни слики. Едноставно е.

Дознајте повеќе

Разгледајте ја збирката на S-Frame рамки

Вие со сигурност ќе можете да ја најдете вистинската дигитална фото рамка за вас – но и за вашето семејство и пријателите. Разгледајте ја целосната палета на S-Frame, од практичната серија на S-Frame подароци до серијата на S-Frame иновации со многу функции и репродукција на Full HD видео и звук.

 

Не го најдовте тоа што го барате?

Тука ќе ја пронајдете совршената дигитална фото рамка од Sony. Ви нудиме голем избор на модели на S-Frame - кои нудат врвен квалитет на сликата, привлечен изглед и многу практични функции со кои ќе уживате во вашата драгоцена колекција од фотографии и видео записи.

 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста