Exmor R™ CMOS сензор

 

Exmor R™ CMOS сензорот кој се вградува во одредени Cyber-shot™ дигитални фото апарати и Handycam® видео камери овозможува снимање на исклучително детална слика дури и при слаба осветленост. Технологијата на Exmor R™ CMOS сензори од Sony ви нуди извонреден квалитет и слика со низок шум при секакви услови за снимање.

 

Снимањето при мала осветленост е одличен тест за сите фото апарати и видео камери.

Доколку сте во затворена просторија или снимате во самрак вие често ќе бидете разочарани од неприродната слика со зрнест шум. Но отсега ќе можете да продолжите со снимањето со врвен квалитет… дури и кога осветленоста е многу мала.

Exmor R™ CMOS сензорот со висока резолуција развиен од Sony за Cyber-shot™ и Handycam® овозможува снимање на прекрасни Full HD видео содржини и фотографии со врвни детали, извонреден контраст, богати бои и помал шум на сликата.

Со Exmor R™ CMOS сензорот вие ќе ја почувствувате разликата во секоја сцена, особено кај недоволно осветлените ентериери и атмосферските снимки во самрак.

Како тоа функционира: Exmor R™ CMOS сензорите одблиску

Погледнете ја разликата

Cyber-shot™ и Handycam® со Exmor R™ CMOS сензор овозможуваат 2x зголемување на чувствителноста и двојно намалување на шумот на сликата во споредба со конвенционалните сензори.

Погледнете ги преубавите снимки со одлични детали – во самрак или во затворени простории со слабо осветлување.

Отсега ќе можете да продолжите со снимањето и совршено да ги доловите посебните моменти, без каде се наоѓате.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста