3D режим на повеќеаголно сликање

 

Снимете забавни слики со 3D изглед и веднаш споделете ги со уникатната функција за повеќе агли. Само завртете го фото апаратот од лево кон десно за прегледување на секоја фотографија од повеќе различни агли – а потоа погледнете ја целосната 3D слика со прегледување на вашите снимки на 3D телевизор.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Уживајте во 3D фотографии со технологијата за движење во повеќе агли

Уживајте во вашите 3D фотографии – веднаш

Движењето во повеќе агли ви овозможува да снимите неверојатни фотографии со 3D изглед со вашиот Cyber-shot фото апарат – а потоа веднаш споделете ги преку LCD екранот на фото апаратот, без потреба од 3D телевизор или 3D очила. Од пејзажи и снимки од одморот до портрети од пријателите и семејството, уникатните функции за репродукција овозможуваат секој да ужива во вашите снимки со 3D ефекти, каде и да одите.

А кога ќе сакате да ги погледнете вашите фотографии во вистинско 3D, само приклучете го вашиот Cyber-shot на компатибилен 3D телевизор.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Како функционира движењето во повеќе агли

За време на движењето во повеќе агли, вашиот Cyber-shot снима и зачувува многу различни слики од 15 различни агли додека го движите фото апаратот. Потоа процесорот на фото апаратот ги комбинира овие слики за да состави два фајлови. Едниот од нив е целосна 3D слика, која може да ја видите со приклучување на вашиот фото апарат на компатибилен 3D телевизор, со помош на 3D очила.

Другиот фајл ви овозможува да ја прегледувате сликата со 3D изглед на екранот од вашиот фото апарат. Вртењето на фото апаратот од лево кон десно (и обратно) ви овозможува прегледување на вашата слика од различни агли. Но наместо серија слики, вие ќе видите една беспрекорно составена слика – исто како да ја менувате вашата гледна точка или да се движите околу вашиот објект.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста