Cyber-shot™ фото апарати со бленда со функција за насмевки

 

Блендата со функција за насмевка автоматски ги регистрира насмевките... пред да ви побегнат.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
Користете бленда со функција за насмевки за снимање на насмеани лица

Повеќе насмевки со Cyber-shot и блендата со функција за насмевка

Сите најнови Cyber-shot производи се одликуваат со новата извонредна технологија на бленда со функција за насмевка, која ќе ви помогне да не ги пропуштите насмевките при фотографирањето.

Едноставно притиснете го копчето за блендата кога ги имате саканите лица во кадарот и блендата ќе се активира во моментот кога одредено лице ќе се насмее. Постапката е автоматска и што е најважно, многу забавна.

Затоа прочитајте понатаму и дознајте како блендата со функција за насмевка ќе ви донесе повеќе насмевки.

Не пропуштајте ниту една насмевка со блендата со функција за насмевки

Поглед, насмевка - и фото апаратот ќе ја направи снимката

Колку пати сте погледнале некоја фотографија со семејството и пријателите и сте помислиле “Навистина е штета е што не се насмеани”?

Да ги натерате луѓето да се насмеат во совршениот момент при фотографирање не е секогаш лесно.

А доколку ги фотографирате вашите деца тогаш ќе ви биде многу тешко да го задржите нивното внимание.

Сега постои нов извонреден начин вашите фотографии да бидат исполнети со насмеани лица.

Со функцијата за откривање лице изразите на лицата ќе бидат природни

Оваа интелигентна технологија може да открие кога некој ќе се насмевне, отворајќи ја блендата токму во вистинскиот момент, вие можете да го притиснете копчето на блендата еднаш за да се изврши фокусирање и потоа оваа технологија ќе ја направи снимката единствено кога субјектот ќе се насмее.

А за уште подобри резултати, технологијата за откривање на лице ќе изврши автоматско прилагодување на фокусот и експозицијата за добивање на јасни и природни портрети со реалистични тонови на кожата.

Изберете едно лице и снимете ја неговата насмевка со фото апаратот!

Но што ако во кадарот има повеќе луѓе, како на пр. невеста опкружена со нејзините пратилки за време на свадба?

Блендата со функција за насмевки ви овозможува да го изберете главниот лик од група на луѓе. Само допрете го екранот за да го изберете главниот лик и блендата ќе се активира единствено кога тој лик ќе се насмевне.

Можете дури да снимите и секвенца до шест снимки со насмевки без потреба од притиснување на копчето за бленда. Оваа функција е одлична за добивање серија на опуштени неформални портрети.

 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста